Албански државјанин се обидел да силува 10- годишно девојче

Албански државјанин во атарот на струшкото село Враништа се обидел да силува 10- годишно девојче, информираат од СВР.

 |   | 
dete
дете

I.TАлбански државјанин во атарот на струшкото село Враништа се обидел да силува 10- годишно девојче, информираат од МВР.

Имено, лицето И.Т.(29) од Либражд Албанија го следел 10- годишното девојче во месноста Црковни ливади кое одело накај својот дом. Во еден момент девојчето се завртело кон него и го прашала дали бара некого, на што тој на албански јазик и одговорил, потоа ја фатил за левата рака, го откопчал патентот од неговите пантолони и започнал да ја допира.

Девојчето почнало да плаче и да го моли да не и’ прави ништо, по што му побегнала и се упатила во правец кон селото, каде била пресретната од нејзини соселани, кои го фатиле извршителот.

Случајот е пријавен во полиција, а И.Т. е приведен и задржан во полициска станица.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top