Акцијата „Гора“ продолжува во охридско-струшкиот регион

Од СВР Охрид информираат дека поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Пустошење на шума“ и „Кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднела кривична пријава против четворица албански државјани.

 |  Голабовски Крсте  | 
drva
дрва

drvaОд СВР Охрид информираат дека поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Пустошење на шума“ и „Кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднела кривична пријава против четворица албански државјани.

Со пријавата опфатени се и три лица од струшкото село Франгово и едно лице од селото Радолишта.

На втори овој месец, на место викано “Гропа“ атар на селото Франгово, полициски службеници од гранична полиција Регионалниот центар“Запад“ ги затекнале албанските државјани како спротивно на Законот за шуми и Кривичниот законик вршат бесправна сеча на огревно нежигирано дрво во простор од шума во државна сопственост. На местото пронајдени се 110 метри просторни бесправно исечени огревни дрва и шест коњи со кои дрвата требало да се транспортираат по селски пат до домовите на останатите пријавени, жители на Франгово и Радолишта. Четворицата албански државјани биле ангажирани како дрвосечачи од пријавените жители на Франгово и Радолишта за што добиле и привремено сместување.

При извршени претреси во домовите и другите простории на пријавени лица од Франгово и Радолишта, пронајдени се и привремено одземени околу 22 метри просторни бесправно пресечени нежигирани дрва. Истите подолг временски период организирано плански и смислено вршеле бесправна сеча на огревно дрво и нејзино транспортирање, со што го оштетиле имотот на Република Македонија односно ЈП“Македонски шуми“ кое стопанисува со државната шума.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top