Ознака: сезона

Фудбалерите на ФК Охрид утре ја започнуваат новата фудбалска сезона

Post Views: 9 Фудбалерите на ФК Охрид на домашен терен утре ќе ги пречекаат противниците од струмичкиот ФК Беласица. Изминативе 40 дена поминаа во знакот на интензивни подготовки па охридските фудбалери ветуваат добра игра. Спортскиот директор, Александар Мартиноски ги покани љубителите на фудбалот утре на СРЦ Билјанини извори. „Да дојдат и да не поддржат. Ние за возврат ќе им понудиме добра игра и забава, а ќе извојуваме и прва победа оваа сезона“, кажа Мартиноски. „Ние како стручен штаб сме задоволни од периодот на подготовки. Со сите сили ќе одиме на добри резултати. Играчите...

Continue reading

Fernando Alonso

Заминува ли Фернандо Алонсо од Ферари?

Post Views: 3 Мекларен оваа сезона бележи слаби резултати. Џенсон Батон и Серхио Перез ниту еднаш не успеаа да се искачат на пиедесталот, а во вкупниот поредок се на деветото место. Но, од 2015. година британците ќе добиваат мотори од Хонда, а за таа сезона започнуваат подготовките уште сега. Од Ред Бул веќе ангажираа двајца инженери за аеродинамика, а се чини дека наскоро следува ,,напад” на пилотот на Ферари. Билд тврди дека Фернандо Алонсо речиси сигурно ќе потпише за Мекларен каде што настапуваше во 2007 година, но поради лошиот однос со Луис Хамилтон го напушти тимот на...

Continue reading

Rubens Baricelo

Се враќа ли Баричело во F1?

Post Views: 3 Според англиските медиуми за 41-годишниот возач е заинтересиран тимот на Заубер, кој во Баричело гледа замена за Ник Хулкенберг, кој е блиску до заминување во Мекларен. Баричело својата последна сезона во Формула 1 ја возеше во 2011. година за екипата на Вилијамс, а во текот на богатата кариера беше дел од Стјуарт и Ферари. Има 11 победи во Ф1 шампионатот. „Постои некоја опција за наредната сезона, а сигурно е дека Баричело ќе биде една од нив. Неговото искуство многу би ни значело“, изјави шефицата на Заубер, Мониша Калтенборн. Додека Хулкенберг е блиску до заминување,...

Continue reading

Охрид годинава бележи послаба летна туристичка сезона

Post Views: 1 Туристичката сезона годинава,  послаба во однос на лани. Хотелските  капацитети на брегот на Охридското езеро  се исполнети со  субвенционираните странски туристи, но  капацитетите на приватното сместување останаа полупразни. Иако засега нема официјални податоци  од  државна статистика, според слободните проценки на добрите познавачи  во јуни и јули имаше речиси двојно помалку гости во однос на лани, кога се  уриваа рекорди и се бараше место повеќе во главниот туристички центар. „Хотелите се со задоволителна бројка на ноќевања, може да кажеме дека кај нас е исто како...

Continue reading

Sebastijan Fetel

Фетел најдобар во Сингапур

Post Views: 1 Откако денес во Сингапур успеа да стигне до најдоминантната победа во оваа сезона, Себастијан Фетел имаше само пофални зборови за својот тим Red Bull. Фетел имаше многу добро темпо во текот на целата трка кое што не можеше да биде следено ниту од еден од неговите конкуренти. И покрај излегувањето на безбедносното возило на половина од трката, на крајот финишираше со предност поголема од половина минута пред Фернандо Алонсо. „Стартот беше стравичен. Ми беше тешко да се справам со Нико бидејќи имаше подобар старт од мене. За среќа, влезе премногу длабоко во свикот број...

Continue reading

pehar

Почнува новата сезона од „Лигата на шампиони“

Post Views: 6 По пауза од неколку месеци, фудбалските фанови од денеска ќе можат да уживаат и во новата сезона од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Како и претходните неколку сезони, така и во новата најголеми фаворити за победничкиот пехар се Баерн (М), Реал (М), Барселона, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челзи, Јувентус, Борусија од Дортмунд и ПСЖ, а од денешните осум натпревари кои се на програма најголемо внимание сигурно ѓе привлече дуелот во Истанбул, помеѓу Галатасарај и Реал (М). “Реал (М) е голем клуб со големи фудбалери. Вечер ќе играат...

Continue reading

bolid

Промовиран болирот на струја на „Рено“

Post Views: 0 Новиот Renault Spark SRT_01E e електричен тркач кој ќе се натпреварува во првата сезона на шампионатот Formula E. Официјалното деби, електричниот тркач на Французите го имаше денеска на Салонот за автомобили во Франкфурт. Автомобилот со звучно име SRT_01E e резултат на соработката меѓу многу партнери, а за изработката ќе биде задолжена француската фирма Spark racing technology. Полесната шасија е направена од карбонски влакна и од алуминиум. Електричниот мотор, менувачот и електрониката ги обезбеди познатата компанија со многу успеси во Формула 1 -McLaren, додека, пак,...

Continue reading

Во сред сезона охридските плажи нерегулирани

Post Views: 2 Во сред сезона охридските плажи нерегулирани. Постапката за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи на крајбрежјето и една година по наддавањето, без епилог. Старите концесионери си стопанисуваат со плажите без да плаќаат ниту денар на општината за тоа. Ништо ни од најавата на Министерството за транспорт и врски дека државата ќе си ги врати ингеренциите врз плажите на охридско-струшкото крајбрежје. Додека на плажите се работи на црно инспекторатот не постапува. Од општината летово очигледно на сето ова ќе прогледа низ прсти. Изминатите две недели ние работевме...

Continue reading

Slaven Bilic

Билиќ, нов тренер на Бешикташ

Post Views: 3 Поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација, Славен Билиќ, следната сезона ќе го предводи турскиот Бешикташ. Турските медиуми јавуваат дека Билиќ со Бешикташ потпишал двегодишен договор и дека ќе заработува околу два милиони евра годишно.Клубот од Истанбул до пред неколку дена преговараше со Роберт Просинечки, но управата на Кајзери одби да го пушти. Бешикташ сезоната ја заврши на третото место, зад најголемите конкуренти Галатасарај и Фенербахче и ќе игра во Лига Европа.Билиќ беше опција за клупата на Бешикташ и минатата сезона, но тогаш тој се одлучи...

Continue reading

На прагот на туристичката сезона плажите сè уште не се издадени под концесија

Post Views: 3 Охридските плажи ова лето ќе работат на црно. На прагот на туристичката сезона плажите се уште не се издадени под концесија. Иако владата најави дека им ги одзема ингеренциите на општините за издавање на плажите тој процес остана во најава. Договорите на концесионерите  им се одамна истечени, за петте плажи кои последно беа на јавно наддавање лани договорите не се продолжени ,  тие се заглавени во судски лавиринти меѓу старо новите закупци. Поранешните концесионери велат дека огромна  е штетата која ја трпи туризмот. Доколку немаат избор ова лето ќе мораат да  работат...

Continue reading

silverstone

Регрутација за млади возачи на патеката Силверстоун

Post Views: 4 Во текот на оваа Ф1 сезона ќе се одржи само еден тест за млади возачи и тоа на патеката Силверстоун, домот на Британското Гранд При. Во текот на минатата сезона тестовите за млади возачи беа одржани на три различни локации бидејќи Ф1 тимовите не успеаа да постигнат договор. Некои од нив тестираа на Силверстоун, некои на Мањи-Кур, а некои во Абу Даби. Како и да е, во текот на оваа сезона тимовите се договорија да тестираат на една локација – Силверстоун. Овогодинешниот тест за млади возачи ќе се одржи во јули, помеѓу Германското и Унгарското Гранд При, пред почетокот...

Continue reading

cardif

„Кардиф Сити“ се враќа во Премиер лигата

Post Views: 6 Ремито без голови на домашен терен со Чарлтон на Кардиф Сити му донесе пласман во Премиерлигата по пауза од точно 51 година. Дел од следното издание на Премиер лигата за прв во историјата на елитното англиско фудбалско натпреварување ќе бидат два клуба од Велс. За тоа синоќа се изборија играчите на Кардиф Сити, кои одиграа без голови на домашен терен со Чарлтон и со тоа се вратија во елитата од која последен пат испаднаа уште далечната 1962. година, кога заедно со нив во понизок ранг испадна и тимот на Челси.Со тој освоен бод против Чарлтон некогашните „сини птици“, ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top