Фудбалерите на ФК Охрид утре ја започнуваат новата фудбалска сезона

 Добро подготвени нестрпливо ја очекуваат премиерата во македонскиот фудбалскиот куп против Беласица. Сите љубители на охридскиот фудбал кои нема да се во можност да го проследат овој дуел, ќе имаат можност да се поправат веќе во сабота, кога ФК Охрид ја отвора второлигашката сезона против Влазрими.

 |  Валентина Неловска  | 

Фудбалерите на ФК Охрид на домашен терен утре ќе ги пречекаат противниците од струмичкиот ФК Беласица. Изминативе 40 дена поминаа во знакот на интензивни подготовки па охридските фудбалери ветуваат добра игра. Спортскиот директор, Александар Мартиноски ги покани љубителите на фудбалот утре на СРЦ Билјанини извори.
„Да дојдат и да не поддржат. Ние за возврат ќе им понудиме добра игра и забава, а ќе извојуваме и прва победа оваа сезона“, кажа Мартиноски.

„Ние како стручен штаб сме задоволни од периодот на подготовки. Со сите сили ќе одиме на добри резултати. Играчите ги издржаа подготовките и ќе почнеме со победа во Купот, а потоа во сабота ќе ги освоиме и првите три бода на домашен терен“ , најави Маркоски. 0:43

Ромео Кочоски од името на фудбалерите кажа дека се на добар пат фудбалскиот клуб Охрид да се избори за пласман во осмина финале.

„Спремни сме за почеток и да го однесеме Охрид каде што му е местото. Ова нека е вовед за првенството да покажеме дека Охрид ќе биде екипа за респект. Ние ќе бидеме екипа која ќе одлучува за новиот шампион во Втората лига“, вели Кочоски.

Во сабота пак, фудбалерите на ФК Охрид на СРЦ Билјанини извори ќе одиграат натпревар со ФК Влазрими од Кичево.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top