Се враќа ли Баричело во F1?

Легендарниот Бразилец Рубенс Баричело можно е од следната сезона да се врати во Формула 1.

 |  Голабовски Крсте  | 
Rubens Baricelo
Рубенс Баричело

Според англиските медиуми за 41-годишниот возач е заинтересиран тимот на Заубер, кој во Баричело гледа замена за Ник Хулкенберг, кој е блиску до заминување во Мекларен.

Баричело својата последна сезона во Формула 1 ја возеше во 2011. година за екипата на Вилијамс, а во текот на богатата кариера беше дел од Стјуарт и Ферари. Има 11 победи во Ф1 шампионатот.

Rubens Baricelo„Постои некоја опција за наредната сезона, а сигурно е дека Баричело ќе биде една од нив. Неговото искуство многу би ни значело“, изјави шефицата на Заубер, Мониша Калтенборн.

Додека Хулкенберг е блиску до заминување, Мексиканецот Естебан Гутиерез најверојатно ќе остане. Како потенцијален кандидат за возачкото место во тимот се споменува и Русинот Сергеј Сироткин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top