„Кардиф Сити“ се враќа во Премиер лигата

Ремито без голови на домашен терен со Чарлтон на Кардиф Сити му донесе пласман во Премиерлигата по пауза од точно 51 година.

 |  Голабовски Крсте  | 
cardif
кардиф

Ремито без голови на домашен терен со Чарлтон на Кардиф Сити му донесе пласман во Премиерлигата по пауза од точно 51 година.

cardifДел од следното издание на Премиер лигата за прв во историјата на елитното англиско фудбалско натпреварување ќе бидат два клуба од Велс.

За тоа синоќа се изборија играчите на Кардиф Сити, кои одиграа без голови на домашен терен со Чарлтон и со тоа се вратија во елитата од која последен пат испаднаа уште далечната 1962. година, кога заедно со нив во понизок ранг испадна и тимот на Челси.
Со тој освоен бод против Чарлтон некогашните „сини птици“,  а сега „змејови“, конечно го остварија својот сон, до кој со сезони беа блиску, но никако не успеваа да го реализираат.

Со Свонси следната сезона тие ќе ја испишуваат новата историја на велшкиот фудбал, кој ужива во еден од најдобрите свои клупски периоди по освојувањето на Лига купот од страна на Свонси оваа сезона.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top