Охрид годинава бележи послаба летна туристичка сезона

Охрид годинава бележи послаба летна туристичка сезона споредено со предходната година. Причини има повеќе, велат хотелиерите, меѓу кои намалениот број туристи од регионот поради годинешните атрактивни понуди за Египет, Тунис и Турција. И понатаму проблем е лошата патна инфраструктура која ги одвраќа туристите кои патуваат со автомобил.

 |  Соња Рилковска  | 

Туристичката сезона годинава,  послаба во однос на лани. Хотелските  капацитети на брегот на Охридското езеро  се исполнети со  субвенционираните странски туристи, но  капацитетите на приватното сместување останаа полупразни.
Иако засега нема официјални податоци  од  државна статистика, според слободните проценки на добрите познавачи  во јуни и јули имаше речиси двојно помалку гости во однос на лани, кога се  уриваа рекорди и се бараше место повеќе во главниот туристички центар.

„Хотелите се со задоволителна бројка на ноќевања, може да кажеме дека кај нас е исто како лани, но приватниот смештај не е на истото ниво имаме пад, но деновивте кои следат сепак имаме уште еден месец убава сеозна и се надеваме дека во овој период ќе се поправат тие бројки“, вели Крсте Блажески претседател на здружението ан отелиери ХОТАМ.

Не се направени опсежни анализи на што се должи падот на туристи, но поради атрактивните понуди за Египет, Тунис и Турција се чувствува  дека е намален бројот на туристи од регионот Сријја, Бугарија и на домашните гости.

„Се должи на тоа што една Турција,  еден Египет дадоа многу атрактивни понуди и цени за оваа сезона и имаат огромни капацитети, може да видиме по тоа колку македонски држабвјани излегуваат надвор од Македонија. Тоа се таа категорија на луѓе кои може да си дозволат да платат по 300/ 400 евра за одмор додека останува категоријата која тешко може да оди на одмор и тие се тие кои остануваат како една пониска категорија и кои доаѓаат во приватното сместување“ , додава Блажески.

Како една од причините за падот е и  лошата патна инфраструктура, која ги одвраќа оние туристи кои мораат да патуваат со автомобил.
 „Да не заборавиме дека овие гости доаѓаат по патот Скопје Охрид кој петта година како е започнат и не гледаме навидум кога ќе се заврши, премногу споро се работи. Мое мислење е дека првата сезона откако ќе се заврши автопатот ќе има огромно зголемување во приватното семстување во Охрид и Струга“, додава Блажески.

Хотелите на брегот на Охридското езеро  се исполнети со субвенционирани туристи од Холандија, Полска, Белгија, Израел и Норвешка, не трпат штети, но  приватното сместување се исполнува со туристи од земјава , регионот и дијаспората кои  годинава ги има во далеку  помал број.
Традиционално за Илинденските празници, од д вчера веќе во градот се чувствува поголема навала на гости, но претежно млади кои доаѓаат специјално за фестивалите   „Ohrid calling“ и  „Greenbeach“. Оваа категорија туристи очекувано е  со пониска платежна моќ, што се чувствува пад во  прометот кај угостителите и трговците.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top