Почнува новата сезона од „Лигата на шампиони“

По пауза од неколку месеци, фудбалските фанови од денеска ќе можат да уживаат и во новата сезона од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

 |  Голабовски Крсте  | 
pehar
пехар

По пауза од неколку месеци, фудбалските фанови од денеска ќе можат да уживаат и во новата сезона од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Како и претходните неколку сезони, така и во новата најголеми фаворити за победничкиот пехар се Баерн (М), Реал (М), Барселона, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челзи, Јувентус, Борусија од Дортмунд и ПСЖ, а од денешните осум натпревари кои се на програма најголемо внимание сигурно ѓе привлече дуелот во Истанбул, помеѓу Галатасарај и Реал (М).

pehar“Реал (М) е голем клуб со големи фудбалери. Вечер ќе играат 11 против 11 и не гледам ниту една причина зошто да не го изнендиме големиот фаворит. Добро се сеќавам на изминатата сезона, кога го победивме Реал (М), кога противничките фудбалери беа во шок. По натпреварот разговарав со нив и тие ми кажаа дека најверните фанови на Галатасарај се навистина луди. Јас мислам дека ги имаме најдобрите фанови на цел свет. Се надевам дека ќе го повториме истиот резултат од изминатата сезона. Нормално е да завршиме трети или четврти во нашата група, но нема ништо сигурно во фудбалската игра. Верувам во овој тим”, изјави пред натпреварот најголемата ѕвезда во дресот на Галатасарај, Дидие Дрогба.

Денеска на програмата:
ГРУПА А: Манчестер Ј. – Леверкузен, Сосиедад – Шахтјор Д.

ГРУПА Б: Копенхаген – Јувентус, Галатасарај – Реал (М).

ГРУПА Ц: Бенфика – Андерлехт, Олимпијакос – ПСЖ.

ГРУПА Д: Баерн М. – ЦСКА М., Викторија П. – Манчестер Сити.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top