Ознака: сезона

Saso Alcev

ЈП Комуналец во пресрет на туристичката сезона

Post Views: 5 Хигиената во градот на завидно ниво, а граѓаните со ситни замерки задоволни од  работата на ова претпријатие. Со почетокот на туристичката сезона јавната хигиена во Охрид ќе се одржува секојдневно, вклучувајќи ги и викендите. Сликите на преполни контејнери ќе се сретнуваат се поретко најавуваат од комуналното, а сведоци на истото ќе бидат граѓаните кои со мали замерки се се позадоволни од работата на ова претпријатие. Од ЈП Комуналец најавуваат низа новини со кои ќе се подобри чистотата во Охрид. Променети се навиките на вработените и максимално сме посветени на одржувањето...

Continue reading

Filip Mishev

Каква туристичка сезона може да очекуваме?

Post Views: 6 Оваа бројка можеби ќе е нешто повисока во шпицот на сезоната, тврдат туристичките работници.Овој продолжен викенд во градов најзастапени се домашните гости и туристите од соседна Србија кои по традиција се на Охридската ревиера. Но има и такви кои се првпат овде. Има и такви гости кои  после 20 години повторно се во Охрид. Тоа се наши иселеници во Австралија. За овој брачен пар, моментите кои ги минуваат во Охрид се посебни во животот. Хотелските капацитети во градов се во целост подготвени да ги примат првите гости. Во моментов тие се исполнети 80%, што ги задоволува...

Continue reading

Donco Taneski

Хотелиерите бараат помош од државата

Post Views: 20 Странците, во овој период споредено со лани, за 30 до 50 проценти во помал број го посетиле градов и оствариле  ноќевања. Намалени се резервациите за еднодневните семинари со користење на услуги на сала и храна. „На меѓународните саеми во Лондон и Берлин се осетија притисоци од големите туроператори, кои бараат  намалување на цените на туристичките аранжмани“ вели Дончо Танески, претседател на ХОТАМ и додава „Дека економската  криза си го прави своето, покажуваат и резултатите од моменталната ситуација, каде што имаме намален број на туристите кои во март и април доаѓале...

Continue reading

soobrakajni znaci

Надлежните изготвија стратегија за дејствување во зимската сезона

Post Views: 0 Преставници од СВР Охрид,локалната самоупорава од Охрид и Дебрца, како и од Јавните претпријатија Комуналец и Македонија пат ги договорија мерките за безбедно одвивање на сообраќајот во зимскиот период. На средбата беше истакната добрата меѓусебна соработка во минатиот период. Во дискусијата  заклучија   дека постои потреба од прецизирање на надлежностите на сите учесници во оперативните планови.Од Ј.П. „Комуналец “ предложија, точно да се  утврди на кои улици да се користат абразивни матеијали за чистење од снегот. Раководителот од  Ј.П. „ Македонија пат “ кажа дека ...

Continue reading

Ohridsko ezero

Петрески бара виновници за неуспешната туристичка сезона

Post Views: 0 Високите цени кои ги понудија хотелските работници според градоначалникот на Охрид се причина за слабата туристичка сезона. Хотелиерите пак велат, цените не се високи, градот нема визија како да развива туризам. Туристичката сезона која помина според оценките на охридскиот градоначалник е послаба од ланската. За тоа има повеќе фактори од кои Петрески ги издвојува високите цени кои ги понудија хотелиерите во градов. Тој вели дека менаџерите на хотелите треба да се подзамислат што прават и за наредново лето да ги корегираат цените ако не сакаат нивните објекти да останат...

Continue reading

Оваа туристичка сезона послаба од ланската

Post Views: 7 Туристичката сезона која е во одминување според оценките на охридскиот градоначалник е послаба од ланската. За тоа има повеќе фактори од кои Петрески ги издвојува, недоволно решената инфраструктура, немањето директни авионски линии до Охрид од повеќето европски и светски центри, како и високите цени кои ги понудија хотелиерите во градов. Според првичните проценки, во Охрид во шпицот на сезоната имаше околу 20 000 гости. Иако оваа бројка е висока таа не е репер за успешна туристичка сезона. Најголемиот дел од гостите беа од земјава, а околу 2 000 имаше од странство и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top