Ознака: сезона

kamioni

Забрана за камиони на автопатот накај Охрид во летните викенди

Post Views: 16 Во текот на годинешнава туристичката сезона, Министерството за транспорт и врски воведува забрана за движење на камиони на патот Скопје–Кичево–Охрид за време на викендите. Во петоците забраната ќе важи од 17 до 24 часот, а во сабота и недела од 7 до 24 часот. Забраната за камионите ќе важи од 1 јули до 31 август годинава. За регулирање на сообраќајот и воспоставување на забраната, соодветни сообраќајни табли ќе бидат поставени долж целата делница од Скопје до Охрид, соопшти Министерството за транспорт и врски. {loadposition content9}  

Continue reading

Ohridski naroden teatar

Започнува новата сезона на „Охридскиот народен театар“

Post Views: 12 До месец јули остануваат уште две претстави и тоа претставата „Итар Пејо“ на Братислав Димитров, убав мјузикл за деца и млади, кој охриѓани треба да го видат кон крајот на мај и третата претстава која се подготвува „Малограѓанска свадба“ на Бертхолд Брехт, а во реЖија на Дејан Пројкоски. Стојаноски се надева дека подготовките за оваа претстава ќе започнат во месец јуни, а кон крајот на јули, истата ќе биде во склоп на фестивалот „Охридско  лето“. За периодот од септември до крајот на годината во план се премиери на уште две театарски претстави, објаснува тој. Бидејќи...

Continue reading

toaleti

Охрид и понатаму без локации за „зорт“

Post Views: 0 Охриѓани и туристите со години ги мачи еден наизглед банален проблем, немање јавни тоалети во чаршијата, крај брегот и во стариот дел од градот. Ова е проблем на кој подолго време не може да му се стави крај, кога станува збор за елементарните хигиенски  потреби на посетителите на нашиот град. За волја на вистината ова лето општината направи обид проблемот да го санира привремено со 24 мобилни тоалети поставени на 6 локации кои по сезонаатсе повлекоа од употреба. Но, јавни тоалети се потребни и вон сезона и тоа со посовремена санитарна опременост. Најави и добра воља...

Continue reading

nurkac

Авантура која мора да се доживее

Post Views: 23 Апетитите на современиот турист од сезона во сезона растат. Затоа и туристичката понуда мора да го следи чекорот, со од час во час менливата туристичка побарувачка. Мал е бројот на туристите, посебно оние странските, кои бараат само плажа и сонце. Годиниве побарувачката е ориентирана кон таканаречениот активен одмор во кој максимално ќе бидат ангажирани. Нуркањето пак претставува можеби една од најатрактивните содржини кога станува збор за активниот одмор во летниот период. Нуркачкиот туризам во вистинска смисла на зборот, кај нас може да се доживее преку НЦ „Амфора“...

Continue reading

butka za hrana

Летово во Охрид се јадеше се и сешто и тоа секаде

Post Views: 1 Се контролираше ли доволно храната која оваа летна сезона се продаваше низ Охрид и Струга? Сведоци бевме дека пред секоја сезона сендвичари и тезги за продажба на најразлични видови на храна, преку ноќ никнуваа на мал милион локации низ градот, а за портабл продавачите на пченки и костени, да не стане ни збор. Што велат експертите за ваквата ситуација, која со години ни се случува пред очи? „Значи храна на отворено не е забрането да се продава. Ние ја започнавме таа акција за зелените пазари каде се продава таа храна посебно дел на храната од животинско потекло која...

Continue reading

Galeb

Доцнењето на јавниот превоз станува се позачестено

Post Views: 4 Летната сезона за Охрид значи екстремно зголемен број на патнички возила кои сообраќаат по нашите улици. Дури и најфреквентната булевар „Туристичка“ не успева да ги прими сите возила кои сообраќаат низ градов во летните месеци. Со ваквата редовна појава, се потешко се справуваат и автобусите на јавниот превозник АД „Галеб“ од Охрид. Автобусите се повеќе доцнат, а патниците кои редовно ги користат услугите на АД „Галеб“ често не успеваат навреме да стигнат на своите работни места. Се поголем број на патници реагираат на доцнењето на јавниот превозник АД „Галеб“ од Охрид,...

Continue reading

rooms

На охридскиот брег странските гости побројни, а домашните се помалку

Post Views: 4 Туристичките работници на охридското крајбрежје ги сумираат досегашните резултати од летната сезона 2011. Покрај езерскиот брег летуваат се повеќе странски гости, холанѓани, финци, австралијци, како и  гости од соседството, меѓу кои најборјни повторно се туристите од Србија. Според податоците од  книгите кои ги водат во сместувачките капацитети видливо е дека хотелските објекти на  ривиерата се исполнети со околу 90 посто од расположливиот капацитет претежно со странски туристи,  информира раководителот на туристичкиот локален економски развој Гоце Симоноски.  Годинава...

Continue reading

Охридски пиво фест, втор пат

Post Views: 1 Од вечерва па во наредниве три дена, Охрид ќе се забавува во ритамот на второто издание на Фестивалот на пивото. Сите љубители на пивото и урбаната забава ќе може да уживаат во богатата музичка понуда со Тони Зен, Сека Алексич, Парти Брејкерски, Супер Хикс и други, а сите љубители на пивото и урбаната забава, овој мега-ивент ќе може да го проследат бесплатно. Второ издание на Охридскиот „Пиво фест“. Веќе традиционално, по втор пат „Герила Маркет“ од 28-31 јули на локацијата Биљанини извори ќе го организира „Пиво фест“ каде на повеќе од 8000м2 организаторите очекуваат...

Continue reading

kej

Кој е виновен

Post Views: 4   Ова прашање од ден на ден се повеќе лебди во воздух. Не стивнуваат бројните укажувања на јавноста и медиумите дека градот со поставувањето на урбаната опрема за време на туристичката сезона личи на панаѓур. Ставот на општинскиот инспекторат кој го изнесе раководителот Танас Танасоски е: јасен-проблем постои, но тие прават натчовечки напори да се справат со таквата состојба во која немаат доволно овластувања. Танасоски рече дека време е да се замеша и пазарниот инспекторат и преку своите механизми да се вклучи во справувањето со проблемот со тезгаџиите во централното...

Continue reading

kej

Кoj е виновен?

Post Views: 4 Ова прашање од ден на ден се повеќе лебди во воздух. Не стивнуваат бројните укажувања на јавноста и медиумите дека градот со поставувањето на урбаната опрема за време на туристичката сезона личи на панаѓур. Ставот на општинскиот инспекторат кој го изнесе раководителот Танас Танасоски е: јасен-проблем постои, но тие прават натчовечки напори да се справат со таквата состојба во која немаат доволно овластувања. Танасоски рече дека време е да се замеша и пазарниот инспекторат и преку своите механизми да се вклучи во справувањето со проблемот со тезгаџиите во централното...

Continue reading

tezgi

Во Охрид тезга да имам…

Post Views: 0 Дуќанџии, за време на летната сезона ставете клуч на своите деловни простори, бидејќи повеќе ви се исплатува да си поставите тезга. Проблмите во летната сезона се бројни, репризни и никако да се надминат. Дел од низата проблеми се и тезгаџиите. Досега, согласно тендерска постапка дадени се дозволи за вршење на дејност на 75 тезги. Закупнината за тезгите е сосема мала и со право може да се каже дека таа дури е смешна. Точно тука лежи и сржта на проблемот, секој може да си постави тезга за мали пари а добро да профитира, велат од Општинскиот инспекторат. Празни останаа...

Continue reading

ispukan asfalt

Ај што градат и покрај забраната туку и уништуваат

Post Views: 1 И понатаму инвеститорите не ја почитуваат одлуката на советотот за неградење  во екот на туристичката сезона во централното градско подрачје. Интензивно се гради и покрај тоа што градежната инспекција пишува прекршочни пријави. Тешка  механизација, зголемена бучавост, прашина и испукана водоводна цевка. Вака изгледа градилиштето кое никна од неодамна во непосредна близина на градското Пазариште. Се повеќе инвеститори не ја почитуваат одлуката на советотот за неградење  во туристичката сезона во централното градско подрачје. Не ги плашат ниту прекршочните пријави од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top