Започнува новата сезона на „Охридскиот народен театар“

Горан Стојаноски, директорот на оваа устанува, најавува нови интересни проекти кои охридската публика ќе ја заинтересираат уште помасовно да оди во театар.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ohridski naroden teatar
Охридски народен театар

До месец јули остануваат уште две претстави и тоа претставата „Итар Пејо“ на Братислав Димитров, убав мјузикл за деца и млади, кој охриѓани треба да го видат кон крајот на мај и третата претстава која се подготвува „Малограѓанска свадба“ на Бертхолд Брехт, а во реЖија на Дејан Пројкоски. Стојаноски се надева дека подготовките за оваа претстава ќе започнат во месец јуни, а кон крајот на јули, истата ќе биде во склоп на фестивалот „Охридско  лето“. За периодот од септември до крајот на годината во план се премиери на уште две театарски претстави, објаснува тој. Бидејќи постои реална потреба за зајакнување на техничките капацитети на оваа установа, до ресорното министерство поднесени се барања за технички кадри, постапка која е веќе во процедура, објаснува Стојаноски.

„Имаме план да се зајакнат техничките капацитети, а штом тоа се направи очекуваме и нова опрема од Министерството за култура, а да се ангажираат и луѓе во однос на техниката, да се зголемат капацитеттите и во административниот дел, а тоа мора кога тогаш да се реши зошто без таквите капацитети не може да се мисли на втор ден во неделата“ додава тој.

Исто така за оваа сезона се во план и гостувања на други театри од земјава, но официјални информации сеуште нема, бидејќи траат разговорите помеѓу театрите од Македонија, потенцира директорот Стојаноски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top