Ознака: сезона

Plaoshnik

Во Охрид конечно туристи со подлабок џеб

Post Views: 3 Охридските угостители задоволни од изминатата летна  сезона. Покрај холанѓаните и финците , Охрид ова лето го посетиле гости од сите делови на светот, вели познатиот охридски угостител Димитар Пендов.  Со оглед  на светската рецесија и економската криза во Македонија,  задоволни сме од Лето 2012 иако можеше секогаш да биде и подобро, посочува Пендов. „Има некој процеси во охридксиот туризам што се за поздравување. Можеби бројот на гостите не се зголеми туку се зголеми квалитетот на гости. Се надевам дека тој тренд ќе продолжи“. За да продолжи сегашниот  тренд, напоменува...

Continue reading

drva za ogrev

Од денеска стартува грејната сезона

Post Views: 2 Денеска грејните тела во општина Охрид по домовите, училиштата  и институциите остана студени поради високите температури за овој период од годината , но тоа неначи дека не сме подготвени за она што следува. „Сите основни и средни училишта  и детската градинка на територијата на општина Охрид спремни ја дочекуваат грејната сезона. Потребни количини огрев за почеток на грејна сезона имеме  во наредниот период нема да имаме проблем со почнувањето на грејната сезона“, вели првиот човек на одделението за образование Серафим Наумовски. Проблем нема да има велат од локалната,...

Continue reading

petreski i veljanoski

Градоначалникот Петрески и пратеникот Велјановски на тема туризам

Post Views: 1 „Идејата за субвенциите во туризмот не е ништо ново“, изјави актуелниот градоначалник Александар Петрески како одговор на пратеникот Шокароски, кој на денешниот прес кажа како плански се решаваат проблемите во туризмот. Но според Петрески главен проблем посебно за туризмот во Охрид, е како туристите да дојдат.  „Треба подобрување на патната инфраструктура од Гостивар – Охрид и Битола – Охрид. И секако авионскиот превоз. Времениот туризам подразбира брзо пристигање до целта ние не можеме да разговараме за современ туризам доколку потенцијалните туристи би патувале...

Continue reading

akteri

Новата театарска сезона во Охрид започнува на 29-ти септември

Post Views: 4 Наскоро започнува новата тетарска сезона во Охрид. Од „Охридскиот народен театар“  најавуваат дека репертоарот ќе започне на  29-ти септември, со претставата која премиерно беше прикажана во јуни годинава, „Свадбата на Итар Пејо“, во режија на Дејан Дамјаноски. Во моментов финализираат подготвките за претставата „Малограѓанска свадба“,  на Бертол Брехт, во режија на Дејан Пројкоски. Престава која ќе биде вистинско доживување за публиката и со малку подолга премиера од неколку дена,  вели директорот на Охридскиот театар, Горан Стојаноски. „Новата претстава ќе биде ексклузивна...

Continue reading

carsija

Угостители „диво“ поставувале маси и столици

Post Views: 3   И оваа туристичка сезона не помина без да се прекрши  програмата за поставување на урбана опрема. Инспекторите имале полни раце работа и напишале бројни пријави до сопствениците на угостителските објекти кои без дозвола сакале да профитираат и ова сезона со нелегално поставување маси и столици, нагласува Ана Николоска од одделението за комунална  такса. „ Со наплатата на средства нема проблем. Но има проблем со оние угостители кои немаат кај нас барање за издавање дозвола за поставување маси и столици. Поднесовме до општинскиот инспекторат извештај со фирмите кои извадиле...

Continue reading

carsija

Туризам или авантуризам

Post Views: 2  Во која насока ни оди туризмот? Кој и колку ќари од оваа туристичка сезона. Сондажите допрва ќе се прават, но ако денот по утрото се познава по се изгледа ќе имаме една од најслабите туристички сезони досега. Станоиздавачите се жалат дека не паметат кога цената по кревет била само 300 денари, а сепак повеќе од половина сезона останале празни. Во една од елитните населби Лагадин, а ништо поинаку не беше и во Пештани, ретките туристи кои ќе побараа сместување можеа да бираат каде ќе бидат сместени. Во градов состојбата малку порозова, но и тука имаше апартмани и соби...

Continue reading

anketa

ТЛЕР преку анкети ќе дознава што сакаат, а што не туристичките работници и туристите

Post Views: 1 Туристичките работници, странските и домашните гости , а и граѓаните ќе можат да си ги напишат маките на хартија. ТЛЕР изготви формулар на кој сите субјекти кои се вклучени во туризмот, а и гостите ќе можат да ги стават своите забелешки и да кажат од што се, а од што не се задоволни. Анкетата не е класична со точно утврдени прашања туку  секој може да наведе повеќе забелешки доколку ги има. Гоце Симоновски, раководителот на ТЛЕР вели дека се одлучиле на овој начин на испитување на јавното мислење во областа на туризмот со цел да дознаат кои се пропустите и истите да...

Continue reading

vnro dpmne

Туристичка сезона за „паметење“

Post Views: 5 Најслаба туристичка сезона досега, тврдат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Од таму велат дека за жал Градоначалникот Александар Петрески и Локалната самоуправа не превзеле никакви мерки за подобрување на квалитетот на туристичката и угостителската дејност. Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ рече дека жртвата од ваквиот нивен игнорантски став кон промоција и подобрување на квалитетот на туристичката сезона  не се само граѓаните на Охрид туку и сите домашни и странски туристи кои доаѓаат да го посетат нашиот град. Тој запраша дали на Градоначалникот...

Continue reading

drva

На што ќе се греете вие зимава?

Post Views: 4 Бранот поскапувања на енергенсите кој ја зафати државава сериозно му се заканува на плиткиот македонски џеб. И оваа година, најефтина алтернатива за греење на домот е огревното дрво. Од јавното претпријатие Македонски шуми велат дека уште во првите три месеци од оваа година се склучиле договорите за оваа грејна сезона. Организираната набавка на огревно дрво најчесто оди преку здруженијата на пензионери и синдикатите, а склучени се договори и со училишта и министерства. Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, веќе склучило преку 1000 договори за набавка на огревно...

Continue reading

спасители

Центарот за безбедност на вода без пристапен мост

Post Views: 6 Центарот за безбедност на вода лоциран кај Горица работи под полна пареа. Од ова место се координира работата на сите професионални спасувачи  в долж охридското крајбрежје. Она што на Центарот му недостасува е прописно место од каде што ќе поаѓаат и доаѓаат спасителите на вода со чамци и бродот амбуланта, вели Сашо Точков претседтелто на ОО на Црвен Крст во чиј состав функционира овој центар за безбедност на вода. „ Немаме еден пристапен мост и платформа каде што би ги чувале чамците и спаувачкиот брод. Се снаоѓаме како што знаеме и умееме. Добивме инструкции од некои...

Continue reading

nikoloski

Приватните станoиздавачи лути на општината

Post Views: 7 Охридските станоиздавачи го подигнаа својот глас. Тие денес пред претставниците на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, како и пред јавноста, се пожалија дека во екот на туристичката сезона, останале со бадијала подготвени соби за туристи и празни раце. За тоа вината ја гледаат во пренагласената урбанизација, како и несредената сообраќајна  состојба во градот посебно во делот на паркирањето. Во името на станоиздавачите на Охрид зборуваше Зоран Зафироски, кој истакна дека ова што му се случува на туризмот во градов не е коректно. „Самата урбанизација која дојде во Охрид од сопственици...

Continue reading

sobi

Борбата за летна заработка не се менува

Post Views: 8   Борбата за заработка од летната туристичката сезона не се менува  и оваа сезона.  Нема крај на добро познатите начини на заработка. Сликата е иста, само  се менуваат актерите.  Туристите кои доаѓаат со сопствен превоз на северниот влез во градот и годинава се дочекувани со натписи на кои луѓето ги рекламираат своите сместувачки капацитети. Реакција има и од  приватните станоиздавачи кои се уредно пријавени и кои плаќаат давачки кон институциите. Засегнатите легални станоиздавачи кои се некаде околу 2000 на број,  повторно им укажале на надлежните институции што ги...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top