ТЛЕР преку анкети ќе дознава што сакаат, а што не туристичките работници и туристите

Од ТЛЕР велат дека сите забелешки на туристичките работници и туристите ќе бидат земени во предвид со цел  наредната туристичка сезона да биде поуспешна од оваа

 |  Јаковлева Лионела  | 
anketa
анкета

Туристичките работници, странските и домашните гости , а и граѓаните ќе можат да си ги напишат маките на хартија. ТЛЕР изготви формулар на кој сите субјекти кои се вклучени во туризмот, а и гостите ќе можат да ги стават своите забелешки и да кажат од што се, а од што не се задоволни. Анкетата не е класична со точно утврдени прашања туку  секој може да наведе повеќе забелешки доколку ги има.goce simonovski

Гоце Симоновски, раководителот на ТЛЕР вели дека се одлучиле на овој начин на испитување на јавното мислење во областа на туризмот со цел да дознаат кои се пропустите и истите да ги отстранат, а од друга страна пак позитивните работи кои им се допаѓаат на туристичките работници и гостите да ги зачуваат. Прашалниците ги има на страната на Општина Охрид и се достапни за сите.

Инаку од досегашните сондажи може да се види дека странските гости најмногу реагираат на чистотата на некои делови од Охридското крајбрежје. Некои од нив реагираат и на ентериерот на сместувачките капацитети, додека пак туристичките работници најмногу се бунат за работното време. Некои бараат да се продолжи, а други пак да се скрати. Од ТЛЕР велат дека сите забелешки ќе бидат прибрани и земени во предвид со цел  наредната туристичка сезона да биде поуспешна од оваа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top