Од денеска стартува грејната сезона

Започна грејната сезона.

 |  Маленкова Татјана  | 
drva za ogrev
дрва за огрев

Денеска грејните тела во општина Охрид по домовите, училиштата  и институциите остана студени поради високите температури за овој период од годината , но тоа неначи дека не сме подготвени за она што следува.

„Сите основни и средни училишта  и детската градинка на територијата на општина Охрид спремни ја parno greenje SV. Kliment Ohridskiдочекуваат грејната сезона. Потребни количини огрев за почеток на грејна сезона имеме  во наредниот период нема да имаме проблем со почнувањето на грејната сезона“, вели првиот човек на одделението за образование Серафим Наумовски.

Проблем нема да има велат од локалната, но прашање кое се наметнува е како и кога ќе се подмират долговите за огрев од мината година, кога за скоро ќе се создадат и нови. Раководителот на одделението за образование категоричен дека ќе се расчистува постепено, но сигурно.

„Секако како и другите општини и општината Охрид го има долгот неизмирени обрски према добавувачите на нафта меѓутоа како и во другите општини така и кај нас со наменските дотации ќе ги расчистуваме долговите бидејќи ќе почнат да ни се јавуваат и нови долгови. Како ќе ја набавуваме нафтата ќе ствараме и нови долгови“, додава раководител на одд. За образование, Наумовски.

Училиштата годинава сами ги распишуваа тендерите  за огрев и истите им важат заклучно со крајот на оваа календарска година. Од локалната велат дека деновиве повторно ќе се распише тендер за дополнително снабдување со нафта во училиштата, но сеуште не е прецизирано дали овојпат ќе се распишува тендер за заедничка набавка, или пак повторно секое училиште засебно.

Во општина Охрид најголемиот дел од училиштата се грееат преку централно греење, но има и неколку drva za ogrevподрачни училишта кои и понатака огревот го решаваат со дрва.  Дознаваме дека едно од тие училишта е подачното училиште на Св. Климент Охридски во Даљан за кое во тек е тендерската постапка за набавка на дрва.

Што се однесува пак до домаќинствата од ЕВН се категорични дека се подготвени за зголемена потрошувачка на електрична енергија, што значи дека  Домакинствата што се грејат на струја  штом затреба веднаш можат да ја вклучат, но  треба да знаат дека покрај топли домови ќе добијат и главоболки од високите сметки. Од ЕВН не изостанува апелот граѓаните рационално да ја  користата електричната енергија.

Оние домакинствата пак кои се греат на дрва, доколку истите ги набавија нека бидат среќни, затоа што има многу домаќинства во Охрид кои мака мачат да стигнат до своите платени кубици огревно дрво.  И покрај нашите заложби да добиеме прецизна информација колку семејства чекаат за испорака не успеавме да дојдеме до истата. Маркетинг директорот Наум Будовски, не беше достапен за јавноста, со што на граѓаните им се ускрати  информацијата дали дрво ќе има во доволни количини и кога ќе им бидат испорачани.   

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top