Туризам или авантуризам

Станоиздавачите, угостителите, концесионерите на плажите алармираат до надлежните за слабата туристичка сезона. Тие пак велат дека си го одработиле своето.

 |  Јаковлева Лионела  | 
carsija
чаршија

 Во која насока ни оди туризмот? Кој и колку ќари од оваа туристичка сезона. Сондажите допрва ќе се прават, но ако денот по утрото се познава по се изгледа ќе имаме една од најслабите туристички сезони досега. Станоиздавачите се жалат дека не паметат кога цената по кревет била само 300 денари, а сепак повеќе од половина сезона останале празни. Во една од елитните населби Лагадин, а ништо поинаку не беше и во Пештани, ретките туристи кои ќе побараа сместување можеа да бираат каде ќе бидат сместени. ezero

Во градов состојбата малку порозова, но и тука имаше апартмани и соби кои долго останаа празни. Станоиздавачите велат дека бројот на гостите во градов бил мал, а и оние кои одлучиле да летуваат во Охрид останувале најчесто по четири до пет дена. Србите кои до пред некоја година беа најмногубројни летово го заобиколија Охрид. Покрај станоиздавачите и угостителите се потсетуваат на овие златни времиња кои не беа така далеку. Ључо Патчев, познат охридски угостител вели дека само пред три лета во градов вриело од Срби. „Се бараше маса повеќе“, вели Патчев. Сите ресторани беа полни, а не како кога поголемиот дел се празни, додава тој. Патчев вели дека и Локалната и Централната власт треба сериозно да се зафатат со работа за некако да го вратиме туризмот во Охрид. Тој додава дека ако се продолжи со ваков несериозен однос сите ќе си стават клуч на врата.

goce simonoskiИ концесионерите на плажите реагираат. Тие велат дека многу вложиле во уредувањето на плажите, а богами и се изнамачиле додека ги зеле под концесија за така лесно да можат да ги пропуштаат сезоните. Љупчо Нечкоски еден од концесионерите вели дека туризмот е наука и само со сериозен пристап на сите субјекти ќе имаме негов развој. Тој додава дека има голем број проблеми кои треба да се решат. На прво место ја стави патната инфраструктура, хаосот со паркинзите и високата цена, високите комунални давачки и тн.

Од секторот за туризам и локален економски развој велат дека тие си го направиле своето. Биле на повеќе саеми изготвиле пропагандни материјали, работат на неколку проекти за промоција на Охрид па голема одговорност за слабата туристичка сезона не чувствуваат.

ТЛЕР работи со полна пареа, централната власт прави спотови за развој на туризмот, а туристи нема. По се изгледа сите ја заборавиле онаа- не е важно колку работиш туку што ќе сработиш. Од година во година туристи се помалку, проблеми се повеќе. Да не ни се случи за некое време само да раскажуваме што беше тоа туризам.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top