Ознака: производи

zacini

Како антибиотик

Post Views: 4 Вклучувајќи ги продуктите и билките кои содржат својства на антибиотик во исхраната, можете да го зајакнете својот имунолошки систем и да му помогнете да се одбрани од заразите. Ова не значи дека не би требало да ги земате антибиотиците кои ви ги препишал лекарот, но употребата на некои производи ќе ја намали потребата од вештачките антибиотици. Кромид и лук И двата производи содржат антибактериски својства, а се користат за лекување на бројни заболувања, почнувајќи од поблаги болести до посериозни здравствени тегоби. Соединенијата на сулфурот во кромидот и лукот се...

Continue reading

saem

Велигденски саем по втор пат

Post Views: 2   Велигденски саем по втор пат. Осумнаесет излагачи денеска и утре ќе ги презентираат своите рачно изработени предмети, украси, сувенири кои ќе се продаваат по симболични цени. Саемот  се организира во халата за текстил во ЈП „Градски Пазар“. Директорот на ова јавно претпријатие, Тони Коталески вели дека се задоволни од интересот на производителите кои ќе земат учество на овој Велигденски саем. Акцентот и оваа година е ставен на хуманоста. Закупот на просторот е бесплатен, а дел од средствата од продадените производи ќе одат во хуманитарни цели. Ние заедно со опшштина...

Continue reading

Намирници кои не заслужуваат да бидат на црната листа

Post Views: 1 Многу пати сме чуле дека храната како што е сирењето, смрзнатиот зеленчук и црвеното месо не е здрава, но тие намирници неправедно ги следи лошата репутација бидејќи содржат хранливи материи кои можат да придонесат во чувањето на здравјето. Сирење – Конзумирањето на млечни производи, вклучувајќи го и сирењето, помага во намалување на нивото на шеќер и крвниот притисок. Кај луѓето кои секојдневно конзумираат полномасни млечни производи, исто така постои помал ризик од развивање на дијабетис тип два. Од друга страна, млечните производи со помала масленост немаат никакво...

Continue reading

Трикови со кои трговците поттикнуваат да се троши повеќе

Post Views: 1 Продавниците, а со тоа потрошувачот не е свесен, по правило уште на самиот влез влијаат со некои работи што потрошувачот  заборава по што воопшто дошол, а при тоа го тера да купи што повеќе производи. Еве некои примери кои суптилно влијаат на вашето однесување во продавниците: -Влезот е на десната страна бидејќи луѓето повеќе сакаат да одат спротивно од стрелките на часовникот -Таканаречената зона на кочење каде постои некаква препрека – веднаш на влезот треба купувачите да се смират за да не брзаат да го отстварат планираното купување. -Долгите полици ги принудуваат...

Continue reading

potrosuvacka kosnica

Охриѓани тешко врзуваат крај со крај со месечна плата

Post Views: 5 522 евра или 32 143 денари му биле потребни на едно четиричлено семејство за да го преживее првиот месец од 2015 та година. Најголем дел од семејниот буџет граѓаните трошат за исхрана и за подмирување на трошоците за домување и комуналии. Ова го покажуваат  новите податоци за Потрошувачката кошница, што ги објавува Сојузот на синдикати на Македонија. Четиричлено семејство со само еден вработен кој прима просечна нето плата за да ја наполни потрошувачката кошничка од 522 евра односно да го преживее месецот, ќе му недостигаат уште околу 160 евра. Според последните податоците...

Continue reading

najdi go biserot

Среќни туристки од Црна Гора го добија најубавиот подарок за 8ми Март

Post Views: 1 Охридски бисер за Денот на жената 8ми Март. Продолжува интересната традиција пронајди го скриениот бисер во Заливот на коските, организирана од познатиот изработувач на охридски бисер, Михајло Филев и туристичкиот водич, Љупчо Јузмески. Две туристки од Црна Гора денес го добија најубавиот подарок за 8ми Март, оригинален охридски бисер. Лилјана Јовановиќ е среќниот пронаоѓач на бисерот во потрагата. „Имав среќа да го најдам овој бисер кој ни го подари фамилијата Филеви. Прв пат сме во Охрид и многу ни се допаѓа, преубаво е, баш е убаво.“-вели Лилјана Јовановиќ-турист. За...

Continue reading

cresa

Охридската цреша до јуни годинава ќе биде брендирана

Post Views: 18 Годинава охридската цреша ќе расцути како брендиран производ. Таа се најде меѓу дел од производите кои ќе станат заштитен македонски бренд. Оваа постапка сеуште е во процес на регистрација, доставен е елаборат за заштита на земјоделски производ од страна на Земјоделската задруга охридска черешна, како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Елена Тапанџиоска од секторот за квалитет на земјоделски производи вели дека до јуни треба да заврши целата постапка. „Ние формиравме комисија како Министерство, што го оценуваме елаборатот...

Continue reading

Прв пат по 40 години реклама за пушење

Post Views: 4 Контроверзна реклама каде една жена пуши електронска цигара ќе биде прикажана на британска телевизија. Ова е прв пат да се допушти прикажување како некој пуши е-цигара. Противниците предупредуваат дека рекламата би можела да ги поттикне децата на користење на истата, пишува Daily Mail. Пушењето на цигари во рекламите на британските телевизии се забранети во 1965 година. Претходните реклами за е-цигарите не смееа да го прикажат уредот, а новата реклама означува промена на правилата на Одборот за рекламирање. Рекламата во која жена пуши е-цигара ќе биде прикажувана после...

Continue reading

Да се вратат на трпезите квалитетните охридски сортни вина

Post Views: 13 Две сорти охридско вино ќе бидат презентирани на „Неделата на вино“ во Неготино за празникот Св.Трифун. Будимир Соколовиќ, стопанственик од Охрид, ќе изложи на дегустација црвено вино мерлот и бело шардоне од неговиот вински подрум.  Охридското поднебје во минатото изобилувало со високо квалитетни сортни вино и лозови насади кои сега се запуштени и заборавени, вели Соколовиќ. Додава негова желба е да се вратат на трпезите квалитетните вина од охридското виногорје, додава Соколовиќ. „ Моја визија е да има поголем број на насади со автохтона сорта на грозје како што е...

Continue reading

telefon

Охриѓани до ОПМ пријавуват расипани мобилни телефони и бела техника

Post Views: 1 Охриѓани до Организацијата на потрошувачи лани најмногу реагирале за неисправни  мобилни телефони и бела техника. Често им се расипувале и телевизорите, велат од ОПМ. Купувачите реагираат и на гарантниот рок на нивното сервисирање. Вангел Спироски од ОПМ ги предупредува граѓаните за нивното право како потрошувачи во случаи кога ќе имаат проблем со мобилните апарати и бела техника.„ Јас би апелирал до граѓаните да внимаваат максимално, до 3 пати може да се сервисисраат овие производи. Додека техничкиот апарат е на сервис , мобилен или перална тие мора да добијат замаена...

Continue reading

kukjarki plostad

Апостолов: Дрвените куќарки ќе се постават ако има лизгалиште

Post Views: 5 Неизвесно е поставувањето на 6 те типизирани куќарки на градскиот плоштад за престојните празници. Нивната судбина зависи од тоа дали или не годинава ќе се постави лизгалиштето, како што изјави ракводителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов. „Претпоставувам дека доколку се јават заинтересирани оператори и се постави лизгалиштето ќе се пријави интерес за поставување и на такви куќарки, се зависи од тоа дали ќе имаме поставување на лизгалиште а се разбира дека тоа понатаму ги повлекува и другите содржини кои ќе бидат околу него“ – изјави Апостолов. Само за потсетување, минатата...

Continue reading

pill

Парфем во пилула

Post Views: 3 Парфем што можете да го голтнете се појави на пазарот на козметичките производи од фирмата „Свалоубл парфјум“ (Swallowable parfum). Тие создале пилула, поточно капсула, што кога ќе ја проголтате ѝ овозможува на вашата кожа да испушта генетски уникатен мирис според нашиот карактер и однесување. Кога пилулата ќе се апсорбира во нашето тело, во кожата се случува процес преку кој се врзуваат соодветни атоми што функционираат како втора кожа и ја редефинираат улогата на кожата. Молекулите од парфемот се испуштаат од површината на кожата која дише и оставаат мали капки на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top