Прв пат по 40 години реклама за пушење

Рекламата би можела лошо да влијае на децата

 |  инфодеск  | 

Контроверзна реклама каде една жена пуши електронска цигара ќе биде прикажана на британска телевизија. Ова е прв пат да се допушти прикажување како некој пуши е-цигара. Противниците предупредуваат дека рекламата би можела да ги поттикне децата на користење на истата, пишува Daily Mail.

Пушењето на цигари во рекламите на британските телевизии се забранети во 1965 година. Претходните реклами за е-цигарите не смееа да го прикажат уредот, а новата реклама означува промена на правилата на Одборот за рекламирање.

Рекламата во која жена пуши е-цигара ќе биде прикажувана после 21 часот, а производителот порачал дека нивните производи се насочени кон возрасните поради што рекламата ќе се прикажува во прикладни термини и програми.

“Се покажа дека електронските цигари е поздрава алтернатива од тутунот”, порачува производителот и додава дека станува збор за оние кои сакаат да пушат.

Имено, е-цигарите содржат никотин, но не и тутун, а се огласуваат како посигурна алтернатива за пушачите кои се обидуваат па престанат со оваа лоша навика. Светската здравствена организација (WHO) предупреди дека пареата која ја испушта уредот можеби крие одредена опасност и повика на дополнителни истражувања за унапредување на здравјето.

Во извештајот на WHO е наведено дека чадот содржи токсини кои можат да предизвикаат ризици од болести и смрт меѓу корисниците и оние кои се изложени на е-цигарите. Нивната употреба е забранета во некои хотели, ресторани и продавници.

Меѓутоа, оние кои ги поддржуваат тврдат дека WHO наведува на лоша трага бидејќи не признава дека ризикот од е-цигарите е помал од чадот на вистинските цигари кои содржат катран и токсини.

Новите правила нема да им дозволат на производителите е-циграите да ги прикажуваат како посигурни и поздрави од пушењето тутун, освен ако не се линценцирани од страна на Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top