Охриѓани тешко врзуваат крај со крај со месечна плата

Охриѓани тешко врзуваат крај со крај со нивните месечни примања. Велат дека реалноста е многу посурова од она што секојдневно се пласира преку јавните гласила како информации за просечна плата на ниво на државата и движењето на цените на мало.

 |  Николоска Биљана  | 
potrosuvacka kosnica
потрошувачка кошница

pari522 евра или 32 143 денари му биле потребни на едно четиричлено семејство за да го преживее првиот месец од 2015 та година. Најголем дел од семејниот буџет граѓаните трошат за исхрана и за подмирување на трошоците за домување и комуналии. Ова го покажуваат  новите податоци за Потрошувачката кошница, што ги објавува Сојузот на синдикати на Македонија. Четиричлено семејство со само еден вработен кој прима просечна нето плата за да ја наполни потрошувачката кошничка од 522 евра односно да го преживее месецот, ќе му недостигаат уште околу 160 евра. Според последните податоците на Заводот за статистика, просечната нето плата исплатена во декември 2014 изнесувала 22 407 или околу 370 евра. Државниот завод за статистика веќе 5 години не пресметува потрошувачка кошничка. Како показател за животниот стандард на населението спроведува Анкета за приходи и услови за живеење. Еве што кажаа охриѓани на анкетата на ТВМ за тоа како живеат и дали им стигнува буџетот да си ги покријат трошоците.

„Со пензија од 200 евра што може да очекувате. Зарем вие верувате во сето ова дека се намалени цената, давачките, нема врска апсурд, според мене и моето лично мислење ми се чини скапотијата оди нагоре се е поскапено. Што побрзо, струја вода, телевизија комуналии, нема шанси ако не праќа син ми од Австралија.potrosuvacka kosnica Гледајте го градов е празен, многу ми е криво ние некако истуркавме но штета за младите, нема вработување, школи и факултети завршуваат бадијала и единствен град го гледаат во напуштање. Охрид се претвори во град на духови. Верувајте секој ден уназад 30 години пијам кафе в чарпија и веќе нема кафе со кога да пијаш и мојата генерација веќе не излегува на кафе а камо ли на друго. Мора да се снаоѓа човек двајца сме и едбвај врзуваме крај со крај па да немам кредити би стигнале но вака со кредити и деца за школување тешко. Врзуваме тешко, излегуваме на крај со економија голема ние сме учени постарите да штедиме“ – велат охриѓани.

Индексот на трошоците на животот во февруари 2015 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во оддлени групи производи. Па така поскапеле свежото овошје и зеленчук, шеќерот, свежото млеко, безалкохолни и алкохолни производи.  Во февруари споредено со јануари забележан е пораст на  трошоците на животот и кај болничките услуги, лековите, средствата за лична хигиена  и за чистење и одржување на станот, пијалаците во рестораните и хотелите. Во февруари граѓаните купувале поевтино месо, замрзнат и конзервиран зеленчук, леб и тестенини. Намалување на индексите на трошоците на животот Заводот за статистиак бележи и кај течните горива за домаќинствата, обувките и облеката.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top