Намирници кои не заслужуваат да бидат на црната листа

Неправедно озлогласени и ги следи лоша репутација

 |  инфодеск  | 

Многу пати сме чуле дека храната како што е сирењето, смрзнатиот зеленчук и црвеното месо не е здрава, но тие намирници неправедно ги следи лошата репутација бидејќи содржат хранливи материи кои можат да придонесат во чувањето на здравјето.

Сирење – Конзумирањето на млечни производи, вклучувајќи го и сирењето, помага во намалување на нивото на шеќер и крвниот притисок. Кај луѓето кои секојдневно конзумираат полномасни млечни производи, исто така постои помал ризик од развивање на дијабетис тип два. Од друга страна, млечните производи со помала масленост немаат никакво влијание на ризикот од дијабетис, односно не го намалуваат.

Смрзната храна – Замрзнатиот зеленчук содржи повеќе витамини и антиоксиданти од свежиот. На пример, замрзнатата брокула содржи 4 пати повеќе растителен пигмент бета каротен од свежата брокула. Тоа е затоа што зеленчукот се бере и се пакува, односно херметички се затвора кога растението е во врвот на зрелоста, поради што ги задржува најдобрите нутритивни вредности. Свежиот зеленчук, од друга страна, може да стои со денови од земјоделските земјишта додека дојде до вашиот фрижидер, а за тоа време губи од хранливите вредности.

Бел компир – Знаете дека здраво се храните ако во вашата чинија се наоѓа храна во различни бои, а во тоа виножито треба да се најде и белата боја. Белиот компир е богат со влакна кои помагаат во слабеењето и содржи магнезиум неопходен за нормална работа и функција на сите мускули во телото.

Полномасни намирници – Кога производителите ќе ги тргнат маснотиите од производите мораат тие маснотии да ги заменат со нешто друго за да го зачуваат вкусот на храната а тоа обично се разни хемикалии, шеќер и сол. Затоа поздраво е да се јадат намирниците кои ги содржат своите природни маснотии.

Прости јаглехидрати – Постои разлика помеѓу преработени и прости јаглехидрати. На пример, овошјето и медот се извори на природни прости јаглехидрати, а со тоа содржат и вредни витамини и антиоксиданти а така го опскрбуваат организмот со енергија.

Црвено месо – Богато е со железо, за организмот неопходна белковина и со конјугирана масна киселина која помага во намалување на масното ткиво. Истражувањата исто така покажале дека конзумирање на заситени маснотии не го зголемува ризикот од срцеви болести. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top