Како антибиотик

Употребата на некои природни производи ја намалуваат потребата од вештачки антибиотици.

 |   | 
zacini
zacini

Вклучувајќи ги продуктите и билките кои содржат својства на антибиотик во исхраната, можете да го зајакнете својот имунолошки систем и да му помогнете да се одбрани од заразите. Ова не значи дека не би требало да ги земате антибиотиците кои ви ги препишал лекарот, но употребата на некои производи ќе ја намали потребата од вештачките антибиотици.

zaciniКромид и лук

И двата производи содржат антибактериски својства, а се користат за лекување на бројни заболувања, почнувајќи од поблаги болести до посериозни здравствени тегоби. Соединенијата на сулфурот во кромидот и лукот се клучни елементи за антибиотските својства. Во една студија, лукот бил тестиран против инфекции од стафилокока, а резултатите покажале дека тој штити од заразните честички и го намалува интензитетот на воспалението.

Мед

Овој сладок деликатес се користел како антибактериски третман многу пред да се развијат синтетичките антибиотици во културите ширум светот, против рани и болести. Медот содржи ензим кој го спречува растењето на поедини бактерии. Кинеската медицина верува дека медот го чисти црниот дроб од отрови и помага во лекувањето на чир на желудникот.

zelka

Зелка

Заедно со брокулата, кељот и карфиолот, зелката е веќе долго време позната по својата лекувачка моќ. Една од причините е нејзината моќ во борбата против ракот, а другата лежи во изобилството со витаминот Ц. Сокот од зелка се препорачува за лекување на стомачните чирови. Доколку страдате од чир во стомакот, консумирајте сок од свежа зелка, два до три пати дневно, меѓу оброци во текот на две недели. Во него можете да додадете малку мед.

Зачини

Постојат многу зачински билки со својство на антибиотик, така што наведените зачини можете да ги користите на дневна или неделна база. Антибиотици меѓу зачините се: мајчина душичка, босилек, рузмарин, оригано, ким, каранфилче, ловоров лист, чили пиперка, ѓумбир, сенф, магдонос и анис.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top