Ознака: овој

caffe

„Ер Франс“ ќе плати 146.000 евра на патник затоа што му се слошило од кафе

Post Views: 3 Францускиот суд и наложи на авиокомпанијата „Ер Франс“ да им плати 146.000 евра на патникот кој тврдеше дека во авионот на овој превозник бил послужен со отровно кафе, како и на осигурителната компанија која ги подмири трошоците за неговото лекување. Марк-Фреден Ниазер, на кого му се слоши за време на летот од Бордо до Париз во 2006 година откако го испил кафето во авионот, и кој е хоспитализиран веднаш по слетувањето, го тужеше „Ер Франс“ тврдејќи дека е отруен со средство за чистење цевки, барајќи отштета од 680.000 евра. – Симптомите се појавиле веднаш откако...

Continue reading

ognomet

Италијанците Новата Година ќе ја дочекаат без огномет

Post Views: 9 Новата година на Италијанските плоштадите, овој пат ќе биде дочекана без традиционалниот огномет.Од различни причини, употребата на петарди и комплетната пиротехника е забранета од градските власти во Милано, Торино, Венеција, Бари и Неапол. Во Венеција постои опасност од оштетување на архитектонско-историското наследство. Во Торино за да не настрадаат кучињата, мачките и домашните миленици. Властите во Милано велат дека пиротехниката е забранета  бидејќи го загадувала воздухот, дури на неколку пати прогласуваа денови без автомобилски сообраќај. Во Неапол, исто има забрана...

Continue reading

badnik

Католиците вечерва го слават Бадник

Post Views: 3 Според преданијата, Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеемската пештера, па тој датум, со разликите во календарите, се почитува во целиот христијански свет. Бадник е еден од најголемите празници за христијаните. На 24 декември, во пресрет на Рождеството Христово, се почитуваат строгите пости. Овие верници, традиционално, постите ги завршуваат со појавата на првата вечерна ѕвезда на небото, а потоа во храмовите во целиот свет започнува свечената рождествена литургија. За време на неа верниците се потсетуваат на старозаветните пророштва и настани поврзани со раѓањето...

Continue reading

breast implants

30 000 Французинки ќе мора да ги извадат отровните силикони

Post Views: 5 Француските власти во текот на неделава ќе им наложат на сите жени кои вградиле импланти за зголемување на градите од фирмата Poly Implant Prosthesis (PIP) да ги отстранат затоа што предизвикуваат рак.Британскиот „Гардијан“ објави дека скоро 30,000 жени во Франција и илјадници од другите земји, вклучувајќи ги Шпанија и Велика Британија, добиле лажни импланти од ефтин индустриски силикон кој е склон кон истекување и цепење. Mесто медицински силикон во имплантите на компанијата Poly Implant Prosthesis (PIP) е вграден силикон кој обично се користи за изработка на компјутерски...

Continue reading

Историска случка на Роланд Гарос

Post Views: 8 Швајцарецот Станислас Вавринка и Кинескињата Ли На, победниците на Австралија опен, се простија од Роланд Гарос веќе во првото коло. Ваква ситуација се случува за прв пат во историјата. Никогаш досега не се случило победниците на Грен Слем турнир, да се простат на следниот уште во првото коло, но во Париз актуелните победници од Мелбурн си одат дома после првата пречка. Станислас Вавринка е поразен од Гиљермо Гарсиа Лопез со 3-1, додека домашната претставничка Кристина Младеновиќ со 2-1 ја елиминира, втората на ВТА листата, Ли На. “Никаде не пишува дека морате да ги...

Continue reading

kuli Seul

Кули близначки во Сеул како сол на рана

Post Views: 4 Данското архитектонско студио MVRDV неодамна ги откри своите планови за нов луксузен станбен комплекс во престолнината на Јужна Кореја, Сеул. Проектот е наречен „The Cloud“ и е составен од два високи облакодера кои се споени некаде на средината во вид на пикселизиран облак.Дизајнот предизвика негодувања поради тоа што наликува на кулите-близначки во Њујорк кои беа цел на теротристички напад. Имено, токму пикселизираниот облак, кој ќе започнува некаде на 27-от кат и ќе се извишува 10 ката нагоре, е најспорниот дел во овој архитектонски проект, бидејќи страшно потсетува...

Continue reading

viena

Виена повторно на прво место по квалитетот на живот

Post Views: 11 Интернационалната компанија “Меркер“ и оваа година највисока оценка за квалитетот на животот му даде на главниот град на Австрија, пред Цирих. Од вкупно 221 оценети градови, на последно место и овој пат се најде Багдад.“Разликата меѓу првите триесет градови на листата е минимална, но, сепак, во многу области Виена нуди многу повеќе отколку другите градови“, вели директорот на “Меркер Аустриа“, Јозеф Папузек. Виена има предности на пример, во однос на јавниот превоз, квалитетот на домувањето како и големата понуда на ресторани. Меѓу првите десет на листата се наоѓаат:...

Continue reading

nude hiking

Швајцарскиот суд забрани нудистичко планинарење

Post Views: 1 Швајцарскиот сојузен суд им одобрил на кантоните по сопствена одлука да ги казнуваат нудистите на Алпите, односно на луѓето кои планинарат без облека која одговара на овој спорт. Локалните медиуми често пати известувале за демонстранти на граѓани против нудистичкото планинарење. Судот за прв пат да ја потврди казната на еден 47-годишен нудистички планинар, наплатувајќи му глоба од сто франци. Случајот започна уште во октомври 2009 година, кога планинар се сретнал со семејство кое имало мало дете. Во обвинението се вели дека планинарот “прошетал како од мајка роден“...

Continue reading

debelka

Данска воведува данок за „дебелеење“

Post Views: 6 Данска стана првата земја што воведува „данок за дебелеење“. Данците се загрижени поради зголемениот број на луѓе со прекумерна тежина, па затоа одлучија дополнително да ги оданочуваат производите кои предизвикуваат дебелеење. Почнувајќи од следната сабота, Данците поскапо ќе го плаќаат путерот, грицките, чоколадите… Се верува дека на овој начин консумацијата на овие штетни производи ќе се намали за десет проценти на годишно ниво. Освен врз здравјето на населението, овој данок ќе има позитивно влијание и врз државната каса, годишно преку овој данок треба да се...

Continue reading

pol x

Трет пол стана официјален во Австралија

Post Views: 0 Австралијанските власти донеле одлука да воведат нова ознака за лица кои не се чувствуваат ниту како машко ниту како женско. Во пасошите на Австралија од неодамна стои X на местото на ознаката кај полот. Лицата кои го промениле полот мора да се определат за опцијата “машко“ или “женско“. Австралијанскиот сенатор Луис Прет, чиј партнер е роден како жена, но сега живее како маж, ја истакнал важноста од овој потег.“Постојат луѓе на кои полот им е наметнат од раѓање, а кои не се чувствуваат ниту како машко ниту како женско. Заради тоа X е навистина погоден“, рекол тој. Организациите...

Continue reading

nadzor

Добра идеа, топло ја препорачуваме

Post Views: 6 Главниот министер на индиската држава Керала, Омен Чанди поставил веб камера во својата канцеларија, за да може секој корисник на интернет во секој момент да види што тој прави. „Наместо акција против корупцијата, ми се чини дека прво треба да се создаде атмосфера каде што работите се прават транспарентно. Нашите луѓе мораат да знаат сè“, изјави министерот, пренесува Њујорк Тајмс. Првиот ден во преносот во живо се вклучиле околу 100.000 луѓе, а овој петок регистрирани се 293.586 логирани. Преносот оди без тон, па посетителите можат само да читаат од усните што се разговара....

Continue reading

zgradata na Jobs

Џобс гради вселенски брод на копно за своите вработени

Post Views: 1 Првиот човек на “Ејпл“ Стив Џобс претстави уште еден, ултра амбициозен план. Компанијата е соочена со проблем на недостиг од простор за своите 13.000 вработени па Џобс и екипата одлучиле да направат не само нов работен простор за своите работници, туку и да го направат толку единствен, да изгледа како да не е од овој свет. Џобс се појавил пред советниците во Купертино Сити, каде “Ејпл“ има претставништво и им го претставил својот амбициозен план. Самиот Џобс проектот си го нарекол најдобро уредена деловна зграда во светот, а се работи за четирикатна кружна градба, која...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top