Ознака: овој

Гугл претстави смартфон со 3Д сензори

Post Views: 1 Гугл претстави прототип на смартфон со прилагодени хардвер и софтвер кој овозможува креирање на тродимензионални мапи на опкружувањето на корисникот. Сензорите на овој апарат прават повеќе од 250.000 3Д мерења во секоја секунда и ја освежуваат позицијата во реално време. Гугл соопшти дека оваа технологија има потенцијална примена во видеоигрите и мапирањето во затворен простор, што би го олеснило самосталното движење на лицата со ослабен вид. Компанијата понудила 200 прототипа на експерти за развој на апликациите, пренесува BBC. Гугл исто така соопшти дека неговото одделение...

Continue reading

Снежната бура одзема животи

Post Views: 11 Силна снежна бура ги зафати, и во инцидентите за време на невремето загинаа 13 луѓе, Соединетите Американски Држави. Поради невремето бил отежнат патниот сообраќај, а без струја останале 363000 потрошувачи. Претседателот Барак Обама потпишал декларација за вонредна состојба во Џорџија, а гувернерите на Алабама, Северна каролина, Јужна Каролина и Мисисипи исто така прогласија вонредна состојба поради временските неприлики, а владината администрација во Џорџија вчера не работела. Загинале 13 луѓе, меѓу нив и тројца кои смртно настрадале додека амбулантно возило превезувало...

Continue reading

Стендап комедија овој петок во JAZZ INN

Post Views: 8 Jazz Inn и Никола Тодороски организираат незаборавен настан „Best of Stand up“. Стендап комедијата е закажана за петок, 19-ти ноември. Повторно го враќаме жарот во најдобриот клуб за стендап комедија на овие простори. Не пропуштајте час и кусур интензивна стендап комедија – велат организаторите. Учествуваат : Јован, Братучед, Коле, Ико, Зок. Билети може да резервирате на телефонскиот број : 075 283 066. Во претпродажба 250 ден, а на денот на шоуто 300 ден. Шоуто започнува во 20:00 часот.

Continue reading

logo

Новата закана за човештвото, повторно доаѓа од Кина

Post Views: 2 Во Хонг Kонг е потврден првиот случај на лице инфицирано со новиот тип на вирусот на птичји грип Х7Н9, изјави министерот за здравство на овој специјален административен кинески регион, Гао Јонгвен. Тој рече дека со вирусот е заразена 36-годишна Индонезијка, која работела како домашна помошничка во семејство во Хонг Конг. Се претпоставува дека таа се заразила на пазарот од соседниот град Шенжен во провинцијата Гуангдонг, во континетална Кина. Состојбата на женета е критична. Лекарите планираат да ја стават во карантин и да ги испитаат сите лица, кои имале контакт со...

Continue reading

tunel

Започна изградбата на тунелот Лион – Торино

Post Views: 6 Шест метри широка дупчалка почна да работи на пробивање на тунелот за брза железница, која ќе ги поврзува францускиот и италијанскиот град, Лион и Торино. Дупчењето почна во италијанскиот град Чиомонте. Последната фаза на овој проект претрпе низа одлагања, а известени се само италијанските и француските власти, како и медиумите, за да се избегнат насилни демонстрации. „Влеговме во фазата на пробивање и сега нема враќање”, вели Пјеро Фазино, градоначалник на Торино. Локалните жители и активистите за заштита на околината се противат на овој тунел, нарекувајќи го...

Continue reading

imigranti

Миграцијата одлика на современото време

Post Views: 4 Бројот на емигрантите во светот изнесува повеќе од 214 милиони лица, покажуваат податоците во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) за демографските трендови во светот по 2015 година, цитирани од „БТА“. „Ова огромно прекугранично движење на луѓето претежно се должи на неколку фактори: воени конфликти, сиромаштија, климатски промени, тенденции на трудот“, пренесуваат од организацијата. Се очекува во 2050 година, бројот на емигрантите во светот да биде повеќе од 500 милиони лица, што одговара на прогнозата дека дотогаш бројот на населението ќе биде поголем...

Continue reading

topka

Се менува форматот на плеј-оф натпреварите во НБА

Post Views: 0 Челниците на НБА лигата најверојатно ќе направат промена на традиционалниот формат на финалната серија и ќе го вратат 2-2-1-1-1 форматот како и во сите останати рунди од плејоф серијата. Натпреварувачката комисија на НБА лигата гласаше позитивно за поднесувањето на предлогот до бордот на директори на НБА лигата за промената на форматот на финалната серија од плејофот. Моменталниот 2-3-2 формат на одигрување на натпревари во финалето се очекува да биде вратен на 2-2-1-1-1 формат како што и се играат претходните рунди. Овој формат се користи од 1985-та година кога чести...

Continue reading

Фондот за здравство ја зголемува квотата и буџетот за лекови за овој месец

Post Views: 5 Фондот за здравствено осигурување денеска најави итна мерка – зголемување на квотите на аптеките во март, во вкупен износ од 15 милион денари, линеарно распределени по аптека. Исто така, вкупниот буџет за лекови за годинава ќе се зголеми во износ од 100 милиони денари годишно. “Аптеките можат да ги надминат месечните квоти најмногу до 10% месечно во првите пет месеци, а порамнувањето на квотите се врши два пати годишно. По автоматизам квотата за март самите аптеки ја намалиле за 15%” , соопштија од ФЗОМ. “Ние сме свесни за потребите на граѓаните, особено...

Continue reading

kokoski

Не демне најсмртоносниот вирус на птичји грип

Post Views: 0 Новиот вирус на птичји грип Х7Н9 значително полесно се пренесува од живината на луѓето отколку што беше случај со претходниот вирус од типот Х5Н1, кој беснееше пред десетина години, соопшти Светската здравствена организација. Научниците и натамуго набљудуваат вирусот Х7Н9 за да утврдат дали тој може да предизвика глобална пандемија, но нагласуваат дека досегашните истражувања покажуваат мала можност овој вирус да почне да се пренесува од човек на човек. Експертот на СЗО за грип др. Кеиџи Фукуда во Пекинг изјави дека луѓето можат да бидат полесно инфицирани од птиците...

Continue reading

strajk

Штрајк на вработените од „Луфтханза“

Post Views: 3 Вработените во „Луфтханза“ рано утрово започнале штрајк како предупредување поради што се откажани околу 1.700 летови. Патниците биле навреме предупредени, па на аеродромот во Франкфурт нема голем метеж. „Терминалот е празен, бидејќи најголемиот број на патници беа предупредени за штрајкот“, пренесуваат медиумите, кои пишуваат дека од овој штрајк се посебно погодени патниците кои планирале да летаат во Европа. „Луфтханза“ ги советувала патниците да се информираат преку Интернет и телефон околу статусот на нивните летови, а за сообраќај низ Германија, како алтернатива...

Continue reading

pogreb

Погребана „Челичната лејди“

Post Views: 1 Во Лондон е во тек погребот на бившата британска премиерка Маргарет Тачер. На комеморацијата во катедралата Свети Павле, покрај кралицата Елизабета и британскиот премиер Дејвид Камерон, присуствуваат и многубројни странски државници. Семејството Тачер ги замолило присутните да не носат венци, а парите да ги донираат за Кралската болница во Челзи. Маргарет Тачер почина на 8-ми овој месец на 88 години. Дури и ѕвоната на кулата-часовник во Лондон, „Биг Бен“ денеска за миг ќе замолкнат за време на погребната церемонија за поранешната британска премиерка .Одлуката за „замолчувањето“...

Continue reading

Потез за одлука

Post Views: 1 Јунак на вчерашната победа, од 1-0 на Германија над Аргентина, стрелецот на единствениот гол на средбата, беше Mario Gotze, кој на Германија и ја донесе четвртата титула светски првак. Германскиот селектор Joachim Low во игра го внесе во 88 минута од натпреварот, а Gotze му се оддолжи со прекрасен гол длабоко во продолжението, во 113 минута. “Му реков на Mario Getze да му покаже на светот дека е подобар од Messi и да го одлучи натпреварот. Тоа му го реков и имав претчуство дека тоа ќе се случи. Gotze е чудесно момче. Може да игра на било која позиција и секогаш знам...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top