Кули близначки во Сеул како сол на рана

Данското архитектонско студио MVRDV неодамна ги откри своите планови за нов луксузен станбен комплекс во престолнината на Јужна Кореја, Сеул. Проектот е наречен „The Cloud“ и е составен од два високи облакодера кои се споени некаде на средината во вид на пикселизиран облак.

 |   | 
kuli Seul
Kuli Seul

Дизајнот предизвика негодувања поради тоа што наликува на кулите-близначки во Њујорк кои беа цел на теротристички напад. Имено, токму пикселизираниот облак, кој ќе започнува некаде на 27-от кат и ќе се извишува 10 ката нагоре, е најспорниот дел во овој архитектонски проект, бидејќи страшно потсетува на кулите на Светскиот трговски центар во моментот кога беа погодени од авионите за време на нападот на 11 септември 2001 година.

Првите официјални поплаки поради изгледот на овој проект, за кој се очекува да биде завршен во 2015 г., дојдоа од страна на САД, но корејскиот инвеститор изјави дека нема да се менува ништо во врска со дизајнот, иако од данското студио упатија извинување до семејствата на жртвите од нападите на 11 септември.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top