„Ер Франс“ ќе плати 146.000 евра на патник затоа што му се слошило од кафе

Францускиот суд и наложи на авиокомпанијата „Ер Франс“ да им плати 146.000 евра на патникот кој тврдеше дека во авионот на овој превозник бил послужен со отровно кафе.

 |   | 
caffe
caffe

stuardesa air franceФранцускиот суд и наложи на авиокомпанијата „Ер Франс“ да им плати 146.000 евра на патникот кој тврдеше дека во авионот на овој превозник бил послужен со отровно кафе, како и на осигурителната компанија која ги подмири трошоците за неговото лекување.

Марк-Фреден Ниазер, на кого му се слоши за време на летот од Бордо до Париз во 2006 година откако го испил кафето во авионот, и кој е хоспитализиран веднаш по слетувањето, го тужеше „Ер Франс“ тврдејќи дека е отруен со средство за чистење цевки, барајќи отштета од 680.000 евра.

– Симптомите се појавиле веднаш откако Ниазер го испил кафето и го изел кексот, нагласи судот во пресудата, додавајќи дека патникот никогаш претходно не бил лекуван поради стомачни проблеми.

Според одлуката на судот Ниазер треба да добие 46.000 евра, а осигурителната компанија 100.000 евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top