Историска случка на Роланд Гарос

Никогаш досега ова не се случило

 |  инфодеск  | 

Швајцарецот Станислас Вавринка и Кинескињата Ли На, победниците на Австралија опен, се простија од Роланд Гарос веќе во првото коло. Ваква ситуација се случува за прв пат во историјата. Никогаш досега не се случило победниците на Грен Слем турнир, да се простат на следниот уште во првото коло, но во Париз актуелните победници од Мелбурн си одат дома после првата пречка.

Станислас Вавринка е поразен од Гиљермо Гарсиа Лопез со 3-1, додека домашната претставничка Кристина Младеновиќ со 2-1 ја елиминира, втората на ВТА листата, Ли На.

“Никаде не пишува дека морате да ги добиете сите мечеви ако сте втора тенисерка на светот. Тоа е тенисот. Секој на теренот има шанса да победи. Стојам зад тоа дека не е битно против кого играв туку бев осудена на пораз. Овој меч јас го загубив и проблемот беше само во мене. Не се држев до планот за играње и во главата воопшто немав идеја како да го играм овој меч.”, коментираше Ли На по мечот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top