Ознака: Македонија

maraton

Се е подготвено за почетокот на Охридскиот пливачки маратон

Post Views: 2 Охридскиот пливачки маратон посилен од сите проблеми. Утре, по 26 ти пат ќе се одржи најреномираната спортска манифестација во земјава. Интересот годинава навистина голем. Вкупно ќе настапат 30 пливачи, 19 во машка, 11 во женска конкуренција, а ќе ги бранат боите на 12 земји од Европа и светот. Сите пливачи се подготвени и физички здрави според зборовите на медицинскиот делегат на ФИНА, Еиде Лубс. Главниот делегат на меѓународната пливачка федерација, Жан-Пол Нарсе, вели претходните два пати кога го посетил Охрид, пристигнал како тренер, на својот пливач, но годинава...

Continue reading

lokalna

Општина Охрид самостојно ќе управува со градежното неизградено земјиште

Post Views: 4 Општина Охрид од денес и официјално го презеде процесот на управување со градежното неизградено земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Ова беше соопштено на денешната прес конференција во Министерството за транспорт и врски. Со оваа одлука на Владата , локалната самоуправа на Охрид се здобива со правото да отуѓува и дава под закуп неизградено државно градежно земјиште на територијата на општината. „Со оваа одлука се потврдува дека Владата на Република Македонија работи објективно и транспарентно, врз основа на законските прописи и со тоа паѓаат во вода...

Continue reading

kamp za mak.jazik

Летен камп за деца-македонци од Балканот

Post Views: 1 Македонскиот јазик станува обединувачка алатка на сите македонци надвор од границите на нашата земја.  Ова е придобивката од првиот летен камп за децата македонци кои живеат во соседните земји.  Тие во земјите каде што живеат веќе добивале часови по македонски јазик, но  велат дека малку се запознале и со македонската историја и култура. „Па да кажам дека солидно ја познавам македонската историја. Сега ќе почнам и тука да учам во Република Македонија бидејќи почнувам средно училиште.“ „Го знам целиот јазик, целиот македонски јазик. Моите родители исто говорат македонски.“-рекоа...

Continue reading

leten kamp deca

Младинскиот камп ги обедини децата од сите националности и вери

Post Views: 9 Вчера официјално започна младинскиот спортски камп под името „Младите преку спортот и екологија до меѓуетничко разбирање и одржлив развој.“ Насловот е долг, но ги опфаќа веројатно најпозитивните насоки кои треба да им се дадат на најмладите со цел да се развиваат во вистински правец. А нема подобар пример за тоа како влијае овој камп врз развојот на младите од средношколката Тања Јованова. Таа е тим-лидер на групата од Велес, и вели иако е тешко да се работи со деца, сепак научиле да се снаоѓаат во секакви ситуации. Своите способности ги развивала на мартовскиот камп...

Continue reading

dobitnik

Охриѓанец добитник на Рено Твинго од Државна лотарија на Македонија

Post Views: 0 Охриѓанецот, Дејан Петрески е среќниот добитник на еден од автомобилите од наградната игра на Државна лотарија на Македонија, „Твинго манија“. Петрески денес и официјално ги доби клучевите од својот нов автомобил, Рено Твинго. И Дејан и неговото семејство пресреќни со добиената награда за која велат дека било вистинско изненадување за нив. „Автомобилот го изгребив минатиот четврток во Together салонот во охридската чаршија и таму ми кажаа дека сум добитник на Рено Твинго. Секој што греби треба да се надева дека ќе добие некаква награда. На охриѓани би им порачал: „Играјте...

Continue reading

hepetitis, borba, hepta

28 јули светски ден за борба против хепатитис

Post Views: 0 Светскиот Ден за Борба Против Хепатитис, 28 јули, кој е и  главен настан за подигање на свеста на глобално ниво, преку низа активности се одбележува и во Охрид. Заслужни за кампањата која ја подигнува свеста кај општата популација од ризиците и последиците кои настануваат од оваа болест се НВО ХЕПТА, Опција Охрид, Црвен Крст Охрид и Инфективното одд. при ЈЗУ Општа болница Охрид.  Според статистиката на ова одделение во Охрид бројот на заразени лица со овој вирис не е голем, но тие стравуваат дека броката на заболени е многу поголема, но дека ове лица се кријат. „250...

Continue reading

Ohridsko leto

Традиционална полска вечер на Охридско лето

Post Views: 7 Црквата Света Софија по кој знае кој пат ќе ја понуди својата совршена акустика за уште едно музичко доживување на Охридско лето. Овој пат, на репертоарот е полската вечер која веќе традиционално претставува дел од нашиот најреномиран фестивал. Соработката помеѓу Охридско лето и полската амбасада изминативе години се покажа како цврста врска и мост помеѓу нашата и полската култура. За нераскинливата алка помеѓу Охридско лето и Полска проговори претставникот од полската амбасада во Македонија, Марта Пжемиосло. „Благодарам на овој настан. Ова е трета година како имаме...

Continue reading

atleticar

На Олимпијада само четворица македонци

Post Views: 1 На Олимпијадата во Лондон Македонија ќе биде преставена само со четворица спортисти и тоа двајца атлетичари и двајца пливачи. Ова е најмалата екипа од осамостојувањето на Македонија која се испраќа на Олимписки игри. На што се должи ова може да се анализира уште пред да започнат игрите во Лондон .Обично сите анализи се прават после завршувањето на ваквите натпреварувања, но ние во Македонија сме во ситуација тие да ги направиме и пред време. Сите треба да се запрашаме зошто спаднавме на ова дереџе, секоја федерација треба да се преиспита зошто имаат спортисти на вака...

Continue reading

pastrmka

2000 ден. в џеб и ќе јадете охридска пастрмка

Post Views: 9 Платете 2000 ден. и ќе јадете охридска пастрмка. Гостите кои доаѓаат во градов сакаат да го пробаат овој охридски специјалитет, ама скапо ги чини. Ако некои од нив и имаат подлабок џеб и можат да си дозволат едно вакво не така евтино гастрономско задоволство се во дилема дали навистина рибата што ја јадат е охридска пастрмка знаејќи дека има забрана за нејзино ловење. Рибарите објаснуваат дека во рестораните може да се најде охридска пастрмка, но само од рибниците во Македонија каде се одгледува. Радован Димитриески од риболовното друштво Св. Апостол Павле вели дека...

Continue reading

ezero

“Соларни бродови и чамци по Македонските Езера”

Post Views: 2 Брод кој ќе плови на солана енергија. Ова засега е само идеја ставена на хартија, но многу брзо може да стане реалност. Горан Ангелковиќ кој долги годни се занимава со иноваторство и проектирање, а е голем вљубеник во бродовте дошол на идеа да создаде брод кој ќе работи на соларен електричен погон. Тој изработил проект во кој е објаснето како бродот би требало да изгледа . Бродот е многу едноставен, а сигурен и траен и многу евтин за одржување.  Со ваквите бродови и чамци бенфитот ќе е повеќекратен. Од една страна ќе имаме еколошка заштита на езерата во Македонија, а...

Continue reading

маратон

Охридскиот пливачки маратон сепак ќе се одржи

Post Views: 4 Добива разрешница дилемата дали  ќе се одржи  Охридскиот пливачки маратон. Директорот на агенцијата за млади и спорт, Лазар  Попоски  најави  дека сепак нема да се прекине 58 годишната традиција на најголемиот меѓунроден спортски настан. Попоски признава дека има финсиски проблеми и средствата за  одржување на маратонот се големи и не е лесно да се обезбедат, но се прават напори ситуацијата да се надмине.„Се знае со поголеми средства ќе се направи  повеќе.  Многу често финансиската поддршка зависи што е останато од претходно. Ако се работело домаќински и транспарентно...

Continue reading

Nikoloski UIST

Универзитетот „Свети Апостол Павле“ го прослави својот патрон

Post Views: 2 Најмладиот универзитет во земјава, Универзитетот за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“- го прослави својот прв патронен празник. Денот на големиот светец и учител, на едно место успеа да собере професори, политичари, студенти како и претставници од Министерството за образование, наука и култура. „Само за неколку години од своето постоење овој универзитет успешно се етаблира во високообразовниот простор на Република Македонија.“-рече проректорот на Универзитетот Свети Климент Охридски од Битола, Професор д-р Пере Аслимоски. Тој во својот поздравен...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top