На Олимпијада само четворица македонци

На Олимпијадата во Лондон, Македонија ќе биде преставена само со четворица спортисти

 |  Јаковлева Лионела  | 
atleticar
атлетичар

На Олимпијадата во Лондон Македонија ќе биде преставена само со четворица спортисти и тоа двајца атлетичари и двајца пливачи. Ова е најмалата екипа од осамостојувањето на Македонија која се испраќа на Олимписки игри. На што се должи ова може да се анализира уште пред да започнат игрите во Лондон .
Обично сите анализи се прават после завршувањето на ваквите натпреварувања, но ние во Македонија сме во ситуација тие да ги направиме и пред време. Сите треба да се запрашаме зошто спаднавме на ова дереџе, секоја федерација треба да се преиспита зошто имаат спортисти на вака ниско ниво, не се оградувам од тоа дека нема одговорност и од МОК бидејќи знаете дека секој спортист кога ќе премине некое ниво, за него се грижи МОК .Ова беше направено и за оваа Олимпијада, ние пред 18 месеци обезбедивме десет стипендии за десетте најдобри спортисти во индивидуални спортови, кои мислевме дека голем дел од нив ќе обезбедат резултат и пласман на Олипмијадата. atletikaНо и од тие од кои најмногу очекувавме , борачите Дејан Митров и Дејан Богданов не успеаа на квалификациите , двајцата наши боксери Вели Мумин кој беше трет на европско и Примислав Димовски кој беше петти на светско првенство , кајакарот Атанас Николовски кој беше прогласен за спортист на 2011 година, иако беше седми на СП и беше наш сигурен кандидат, дури очекувавме негов солиден настап и борба за медал на Олимпијадата, меѓутоа и тој не ги помина квалификациите и затоа дојдовме да патуваме со 4 спортисти, со т.н вајлд карти – рече Владимир Богоевски, директорот на ОКМ.

Богоески главниот проблем за ова што ни се случи го лоцира во немањето стратегија според која однапред ќе се знае кои спортисти и кои спортови ќе се форсираат за да не престават на Олимпијада. И од АФМ најавуваат стратегија која во иднина ќе ни донесе повеќе медали и повеќе учества на големите натпреварувања.

Ние имаме направено стратегија за развој на спортот 2012-2016 година, каде ги селектираме атлетичарите кои носеле медали и постигнувале забележителни резултати на балканските натпреварувања. Потоа заедно со МОК, најдобрите да ги испратиме на дообука во Германија, Фрнација, Италија земји со кои имаме соработката и потоа да се надевем дека ке почнеме да освојуваме медали на балканските првенства а на европските и светските натпреварувања да настапуваме со постигнати норми – рече новиот претседател на АФМ , Крсте Серафимоски.

Инаку Олимијадата во Лондон започнува на 27јули, а завршува на 12 август.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top