“Соларни бродови и чамци по Македонските Езера”

Со соларните бродови и чамци бенфитот ќе е повеќекратен. Од една страна ќе имаме еколошка заштита на езерата во Македонија, а од друга страна економска заштеда

 |  Јаковлева Лионела  | 
ezero
езеро

solarniБрод кој ќе плови на солана енергија. Ова засега е само идеја ставена на хартија, но многу брзо може да стане реалност. Горан Ангелковиќ кој долги годни се занимава со иноваторство и проектирање, а е голем вљубеник во бродовте дошол на идеа да создаде брод кој ќе работи на соларен електричен погон. Тој изработил проект во кој е објаснето како бродот би требало да изгледа . Бродот е многу едноставен, а сигурен и траен и многу евтин за одржување.
 Со ваквите бродови и чамци бенфитот ќе е повеќекратен. Од една страна ќе имаме еколошка заштита на езерата во Македонија, а од друга страна економска заштеда, вели Ангелковиќ.

Државата ги подржува ваквите проекти од кои сите ќе имаат корист. Заменик министерот на Животна средина, Стево Темелковски вели дека државата има стратегија за максимална примена на соларната енергија во сите домени на живеењето.
ezeroИ екологистите и риболовците ги поздравуваат ваквите новитети бидејќи се во интерес на заштитата на езерото.

Радован Димитриески од риболовното друштво Св. Апостол Павле вели дека од овој проект бенефитите ќе се видат после неколку години. Тој бара од Капетанија да формира една конисија која ќе ги контролира моторите на пловните објекти
и сите кои не ги исполнуваат европските стандарди да бидат тргнати од употреба.

Инаку во светот засега има само два брода кои работат на соларна енергија и кои успешно ги крстарат морските и океанските води.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top