Охридскиот пливачки маратон сепак ќе се одржи

Добива разрешница дилемата дали  ќе се одржи  Охридскиот пливачки маратон.

 |  Валентина Неловска  | 
маратон
маратон

Добива разрешница дилемата дали  ќе се одржи  Охридскиот пливачки маратон. Директорот на агенцијата за млади и спорт, Лазар  Попоски  најави  дека сепак нема да се прекине 58 годишната традиција на најголемиот меѓунроден спортски настан. Попоски признава дека има финсиски проблеми и средствата за  одржување на маратонот се големи и не е лесно да се обезбедат, но се прават напори ситуацијата да се надмине.
„Се знае со поголеми средства ќе се направи  повеќе.  Многу често финансиската поддршка зависи што е останато од претходно. Ако се работело домаќински и транспарентно нема да има проблеми, а ако не, секој ќе размисли два пати дали ќе вложи, безразлика дали е тоа во Охридски маратон, Илигденски кајак или Златен гонг, третманот е ист“, нагласува Попоски.
пливање
За да не се прекине пливачката традиција,  и светската пливачка елита да допатува на Охридскиот маратон се направи промена на термионот на неговото одржување. Маратонот ќе се плива на 19 август.
„Имавме мал момент и околу терминот. Бидејќи Олимпијадата е блиску, а и одржување на уште еден маратон во Хрватска, тоа е уште еден дополнителен проблем“, ги појаснува Попоски пропратните околности околу  одржувањето на маратонот.

И  од Пливачката федерација на Македонија   за ТВМ изјавија дека парите од владиниот буџет во износ  од 1 милион денари за одржување на маратонот не се доволни за  одржување на спортската манифестација која ужива голем углед во светот. Само наградата е 25. 000 долари, а каде се средствата за сместување на 20- тината маратонци кои според правилата на светската пливачка федерација треба да бидат придружувани од своите тренери, па тука се и делегатите, 50 -тината кајчари кои треба да ги пратат маратонците, се прашуваат од пливачката федерација. Маратонот е скапа меѓународна спортска манифестација па за да  не дојде до негово згаснување  голем допринос дадоа спонзорите кои го сакаат спортот, нагласуваат  од Пливачката федерација на Македонија. Многу луѓе од Охрид помогнаа околу спонзорствата за  сепак да се одржи маратонот, изјавија од Пливачката федерација на Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top