Ознака: започна

Во вонредни услови започна да функционира за сите училишта првата националната програма за далечинско учење

Post Views: 9 Од денес започна да функционира за сите училишта националната веб платформа за образование. Досега, наставницте од средните и основните училишта изведуваа интернет настава индивидуално прилагодена секој како знае и умее. ТВМ Телевизија ги контактираше директорите на неколку основни и средни училишта како ќе се одвива наставната програма и отценувањето на знаењето на учениците во овие вонредни услови. Сите ги очекуваат препораките на МОН и Бирото за развој на образованието. „Размислуваме да одржиме наставен совет преку on -line платформата и ќе ги слушнеме искуствата...

Continue reading

ВО ОХРИД ЗАПОЧНА ВОНРЕДНАТА ДЕЗИНФЕКЦИЈА И ДЕРАТИЗАЦИЈА

Post Views: 1 Согласно препораките и мерките што ги донесе Владата на Република Северна Македонија, општина Охрид започна со вонредна дезинфекција и дератизација. Во деновиве кои претстојат па се до наредниот понеделник ќе се врши дезинфекција и дератизација на сите објектите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, а потоа ќе продолжи во сите основни и средни училишта на територија на општина Охрид. Дезинфекцијата и дератизацијата ја спроведуваат екипи на Центарот за јавно здравје.

Continue reading

Започна дезинфекција на јавниот превоз на автобусите на автопревозната компанија Галеб

Post Views: 85 Почна дезинфекција на сите 80 автобуси на автопревозникот Галеб кои возат на меѓународни, републички и локални линии. Почнавме со превенции и претходно со едукација на возачите и вработените како да се заштитат себе си , но и патниците вели Димитар Василески директро на АД Галеб. „Денес вршиме и дезинфекција и ќе ги опремиме вработените возачите и шалтерските работници со заштитни маски и ракавици. Тоа е максимумот кој што може да го направиме како фирма“, вели Василески. Центарот за јавно здравје ги следи препораките и обврските во делот на секој кој обавува автобуски...

Continue reading

sudenje

Започна судењето за случајот „Диво насеље“

Post Views: 3 На почетокот од судскиот процес за кумановските настани во „Диво насеље“ адвокатите на обвинетите побараа негово одложување, пренесува „Телма“. Тие бараа Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да го преземе случајот, а исто така побараа и психијатриско вештачење за своите клиенти. Судот ги отфрли барањата на адвокатите, со образложение дека Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева досега не доставила барање за преземање на овој случај, ниту пак пројавила интерес за него.За барањето за психијатриското вештачење, судот образложи дека од ниту еден од затворите...

Continue reading

Започна со работа затворениот зелен пазар во Охрид

Post Views: 0 Започнаа со работа првите тезги во новиот затворен пазар. Денеска и трговците и граѓаните пазаруваа на суво заштитени од студ и снегот кој  падна утрово. На приземјето во новиот деловен објект на површина од 1230 метри квадратни, се тргуваше скоро на половина од вкупно 190 нови тезги уредени по ХАСАП стандарди. Пазарџии кои и по 30 години се занимаваат со продажба на  земјоделски и прехрамбени производи не го криеа задоволството од условите во новиот пазар. „Условите се идеални. Нема веќе ни дожд ни снег ниту нечистотија. 30 години сум пазарџија, дали вака ќе ги задржиме...

Continue reading

Русија ја нападна Украина, Путин започна војна за „демилитаризација“ на соседот

Post Views: 2 Руските трупи започнаа напад врз Украина нареден од претседателот Владимир Путин кој најави „специјална воена операција“ во раните мугри во четвртокот и покрај предупредувањата од светските државници дека потегот може да доведе до најголемата војна во Европа од 1945 година. Неколку минути по кусото телевизиско обраќање на Путин, околу 4 часот по средно-европско време, се слушнаа првите експлозии во близина на големите украински градови, вклучително и главниот град Киев.  Опсегот на рускиот напад е масовен. Дожд од ракети беше истурен врз украинските градови додека руските...

Continue reading

ОО ЦК започна повторно да прима донации од облека и обувки

Post Views: 6 Хуманите граѓани може повторно да ги доставуваат донациите во просториите на ОО ЦК. По неколкумесечниот прекин заради реновирање на магацинскиот простор е овозможено повторно прифаќање на донациите од хуманите сограѓани, вели Сашо Точков, претсeдател на  од ОО ЦК. „Облеката да е користлива, да не е скината. Граѓаните да не носат отпад од дома секојдневно се среќаваме со такви злоупотреби. Апел до граѓаните да носат облека која е испрана, не мора да е пеглана, но да е употреблива за крајните корисници“, повикува Точков. Луѓето од ранливите групи имаат потреба од помош...

Continue reading

Започна пријавувањето на Охрид Ултра Треил 2020

Post Views: 0 Од денес, 12 декември 2019 па се до 15 мај 2020 година, љубителите на планината и трчањето ќе може да се пријават на Охрид Ултра Треил 2020. Спортско рекреативниот настан во планинско трчање кој е отворен за сите уживатели во планината од најразлични возрасни категории  ќе се одржи од 22 до 24 мај 2020 година и ќе биде составен од три трки во планинско трчање во должина од 18, 66 и 107 километри. Најкратката трка „Летница Треил” со должина од 18 километри ќе биде наменета за почетниците и оние кои сакаат побрза трка со фантастични панорамски погледи од Висок Врв над...

Continue reading

Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“ го започна спроведувањерто на проектот „КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО“

Post Views: 6 Проектот е кофинансиран од Европската унија и националните фондови на земјите учеснички во програмата, а чија цел е подобрување на здравствената услуга во регионот преку олеснување на пристапот на болните до здравствените услуги како и набавка на медицинска опрема и медицинско возило. Проектот се реализира поради недостаток на центари за превенција и третман на Мозочен удар во регионот, односно изразита нееднаквост во превенцијата третманот на болеста зависно од местото на нивното живеење. Здружението за исполнување на овие цели организира караван низ регионот на Југозападна...

Continue reading

Sarkozi

Започна средбата на врвот ЕУ-Русија

Post Views: 1 Рускиот претседател Дмитриј Медведев, отворајќи го утрово 23. самит Русија-ЕУ во градот Хабаровск, изјави дека на овој голем собир ќе се разговара за економската криза, соработката во областа на енергетиката и европската безбедносна архитектура.Медведев веќе оствари неформална средба со лидерите на ЕУ на свечената вечера која синоќа беше организирана во нивна чест. – Верувам дека разговорот беше интересен. Ќе продолжиме со разгледување на темите кои се на дневен ред. Верувам дека има смисла да се вратиме на финансиската и економската криза, разгледување на ситуацијата...

Continue reading

Започна офанзива врз упориштето на Исламска држава

Post Views: 4 “Чукна часот за ослободување на Фалуџа. Сега е моментот за одлучна победа и Исламска држава нема избор туку да бега”, рекол ирачкиот премиер Haider al Abadi во телевизиското обраќање. Тој ветил дека ирачкото знаме наскоро ќе се вее во Фалуџа, упориштето на Исламска држава кое се наоѓа во покраината Анбара на западот на земјата. Тој град е во рацете на Исламска држава од почетокот на 2014 година и е оддалечен околу 50 километри од главниот град Багдад и беше прв ирачки град кои го освоија милитантите на Исламската држава. Во рамките на офанзивата авионите како претходница...

Continue reading

Започна чистењето на речните канали во околинатa на Охрид

Post Views: 8 Жителите кои имале проблеми со излевање на водите од речните корита на Коселска, Сушица и Грашница стравуваат дека е можно повторно да им се случат поплави доколку не се исчистат речните канали. Тие посочуваат дека во речното корито на Коселска, но и во останатите речни корита, под влијание на долгиот сушен период кој траеше од месец јули па се досега нема ни капка вода, а тоа носи опасност каналите да бидат обрастени со вегетација и корења кои ќе го попречат нормалниот водотек. Како втор проблем, го наведуваат органскиот отпад кој завршува во речните корита, а го фрлаат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top