Ознака: започна

Отворањето на Охридско лето во знакот на Ана Липша Тофовиќ со која започна магијата која трае 60 год

Post Views: 1 Со концерт на арии во чест на  оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со која  во далечната 1961 год. започна магијата наречена Охридско лето ќе биде отворено 60тото јубилејно издание на фестивалот.  На 4-ти август на сцената на Античкиот театар ќе настапат светски познатите солисти, Марија Јелиќ – сопран, Дарио Ди Виетри – тенор, Иван Томашев – бас и Аманда Стојовиќ – мецосопран во пијано придружба на Миливое Велиќ на концерт насловен како ,,Вокални бисери – по стапките на Ана Липша,, „ Одговорноста да се подготвува програма во време на пандемија е голема , но и задоволство...

Continue reading

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА БАСКЕТ ИГРАЛИШТЕТО ВО ПОРАНЕШНАТА КАСАРНА „МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ“

Post Views: 0 Деновиве, започнаа градежните активности за изградба на баскет игралиште во поранешната касарна. Игралиштето е сместено во делот за спорт и рекреација и ќе биде со димензии 22 на 22 метри и површина од 422 м2. Ќе биде поставена специјална подлога за кошарка, а ќе биде опремено со рефлектори , соодветни спортски реквизити и клупи. Баскет игралиштето се реализира во соработка помеѓу општина Охрид и Агенцијата за спорт и млади. Дополнително општина Охрид, после завршувањето на овој проект, планира да го збогати просторот и со други спортски содржини.

Continue reading

parada

Започна Парадата на победата на Црвениот плоштад во Москва

Post Views: 2 Во Москва започна воена парада по повод 66-годишнината од победата во Големата татковинска војна.Пардата започна со свечено кревање на знамето на Русија и на Знамето на победата на Црвениот плоштад во Москва. На централната трибина застанаа претседателот на Русија и врховниот командант на вооружените сили Дмитриј Медведев, рускиот премиер Владимир Путин и други членови на државното раководство. На манифестацијата се присутни и воени ветерани, претставници на општествените организации, голем број гости од странство, меѓу кои претставници на земјите-членки на антифашистичката...

Continue reading

berluskoni

Г-дине Берлускони, не се сите жени проститутки!

Post Views: 5 Кампањата, која е со наслов „Баста“ што значи „доста“ ја започна преку интернет левичарскиот весник „Унита“ кој е близок до левиот центар. Петицијата е потпишана од над 2.000 жени кои не сметаат дека е успех да ги посетуваат домовите на моќните мажи и од таму да излегуваат со толку пари колку што нормален човек заработува за седум месеци работа. Оваа кампања е слична на минатогодишната, што ја започна весникот „Република“ кога Берлускони повторно се најде во центарот на вниманието поради секс скандал. Името на кампањата беше „Не сум ти на располагање“. Седумдесет и...

Continue reading

Започна карневалот во Венеција

Post Views: 1 Карневалот што синоќа почна во Венеција опфаќа бал под маски, парада на гондоли, избор на кралица на карневалот и други манифестации. Карневалот ќе трае до 28 февруари, а градските власти подготвија 140 културни настани за деца и возрасни, вклучително концерти и изложби во 40 палати, цркви и музеи. Карневалот се одвива под засилени безбедносни мерки, а припадници на антитерористичките сили се распоредени на клучни и историски точки во центарот на градот.

Continue reading

Започна отстранување на урбаната опрема и монтажни објекти на охридското крајбрежје

Post Views: 2 Со отстранување на шанкови и монтажни објекти утрово започна најавената акција за вoведување ред на крајбрежјето на Охридското езеро, согласно владината уредба за враќање на плажите во првобитна состојба и препораките на УНЕСКО. Од општина Охрид  информираа дека активностите започнале со отстранување  урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план, лоцирани на крајбрежјето на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“. По завршувањето...

Continue reading

Започна снимањето на првиот видео спот од рекламната кампања Дома си е дома

Post Views: 2 Почна да се снима првиот видео спот за рекламната кампања Дома си е дома, информира Љупчо Јаневски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Во рамки на кампањата ќе се изработат лого, билборди и 10 промотивни видеа. Видеата ќе ги претстават најзначајните туристички дестинации и локалитети, претставени преку конкретни активности, производи од активниот туризам ккао што се планинарење, велосипедизам, параглајдинг, спортско качување итн., во комбинација со културни искуства, рурални предели и гастрономија, нагласува Јаневски. Кампањата треба да не мотивира сите,...

Continue reading

Започна наплатата за користење на паркинг просторот во летниот период

Post Views: 3 ЈП Билјанини Извори ги известува сите граѓани, институции, корисници на градскиот паркинг простор со кој стопанисуваат дека од јуни започнаа со наплата на паркирањето согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг просторот во летниот период (1 јуни – 31 август). Според одлуката цените за паркирање на јавните паркиралишта за 3-те степени на ограничување (3 зони на паркирање) на подрачјето на Општина Охрид за еден час паркирање ќе изнесуваат : 1. Зона А – 40 денари2. Зона Б – 30 денари, и3. Зона премиум –...

Continue reading

Започна асфалтирањето на тротоарите на улицата 15-ти Корпус

Post Views: 6 Почна да се поставува асфалт на дел од тротоарите на улицата 15-ти Корпус која е со должина на трасата од 2 км. За реконструкција на сообраќајницата која е северен влез на градот се обезбедени 58 милиони денари средства од владата и од општинскиот буџет. Преку ЈП Државни патишта за реконструкција на коловозот се обезбедени 28 милиони денари, а другиот дел се средства од буџетот на општината, напомeнува охридскиoт градоначaлник Константин Георгиески. „Тротоарите кои ги асфалтираме , поставувањето на новото осветлување и поставувањето на атмосферската канализација се од...

Continue reading

Започна уривањето на нелегалниот бетонски ѕид кај Градиште

Post Views: 1 Денеска со градежна механизација започна уривањето на парапетчето на брегот на Охридското езеро во близина на автокампот Градиште.  Градоначалникот Константин Георгиески сподели фотографии на социјалните мрежи од активностите за уривање. „Градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршија увид по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување. Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид.“ – напиша Градоначалникот Константин Георгиески на фејсбук....

Continue reading

Започна со работа реновираниот Тинекс маркет во ТЦ Трудбеник

Post Views: 5 Повторно е отворен реновираниот Tinex маркет во Охрид, кој се наоѓа во склоп на  ТЦ „Трудбеник“. Денеска маркетот ги прими првите муштери во новиот модерен амбиент со запазување на сите препораки од здравствените власти како потсетување на потрошувачите за задолжително носење маски и средство за дезинфекција на влезот, обележани растојанија од 2 метри со лепенки на подот и заштитени вработени.   „По повод повторното отворање на реновираниот маркет направивме ексклузивни акции , големи попусти и промоции кои важат само за овој маркет. Ги повикуваме жителите на Охрид...

Continue reading

JP „Охридски комуналец“ започна со дезинфекција на станбените згради

Post Views: 0 Согласно препораките за превенција од Ковид 19 и оперативните мерки на Кризниот штаб на Општина Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска започнаа реализација на интензивни активности за дезинфекција на влезовите, ходничните и скалишните простории на станбените згради на подрачјето на Општина Охрид. Во рамки на денешната акција, утрово се изврши дезинфекција на зградите во населбата „Билјанини Извори“. Од Локалната самоуправа најавуваат дека дезинфекција ќе се врши и во останатите станбени комплекси на територијата на општината.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top