Ознака: започна

filmski festival vo kan

Започна 66-то издание на Канскиот филмски фестивал

Post Views: 1 Со проекцијата вон конкуренција на филмот „Големиот Гетсби” во 3Д техника, што е вторпат откако во 2009 година фестивалот беше отворен со анимацијата „Up”, во средата навечер започна 66-то издание на Канскиот филмски фестивал на кој и годинава учествуваат најголемите имиња на светскиот филм. Фестивалот го прогласи отворен американскиот актер Леонардо Дикаприо пред публиката во Фестивалската палата којашто претходно со долг аплауз го поздрави претседателот на годинешното фестивалско Стивен Спилберг. „Го прогласувам отворен 66-от Канскиот фестивал”,...

Continue reading

London

Хуманитарен пост во Велика Британија

Post Views: 1 Повеќе од 20.000 Британци постат пет дена по повод кампањата за собирање средства за лекување на маларијата. Се очекува за време на кампањата секој Британец кој пости и се прехранува со нешто повеќе од едно евро, треба да собере вкупно 500 фунти кои ќе ги донира за кампањата. Иницијативата за борбата против маларијата започна во 2009 година во Австралија и постепено се шири во САД, Нов Зеланд и Канада. {loadposition content9}

Continue reading

SONK

СОНК: Штрајкот во образованието почна, со исклучок на неколку места

Post Views: 7 Вработените во градинките, основното, средното и високото образование, науката и културата денеска стапија во генерален штрајк. Наставниците во градинките и училиштата се на своите работни места и ги прифаќаат децата и учениците, но не извршуваат образовно-воспитна функција. „Штрајкот секаде почна. Има пет-шест исклучоци каде што штрајкот не е почнат, поради притисоци од директори или од градоначалници, изјави Дојчин Цветановски“, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура-СОНК, организаторот на штрајкот. Тој додаде дека се уште ги собираат податоците...

Continue reading

Започна приведувањето на осомничените за насилството во собранието

Post Views: 4 Седум од засега 15 лица кои се осомничени дека биле иноволвирани во нередите во Собранието се лишени од слобода, пренесува Алсат-М. Камерата на Алсат-М го забележа спроведувањето на дел од нив во скопскиот кривичен суд. Нивниот идентитет засега не е познат, но според кредибилни информации станува збор за лица кои директно учествуваа во насилството над пратениците. Неофицијално, еден од приведените е инспектор во Управата за безбедност и контраразузнавање. Основното јавно обвинителство првично ги товари за кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во...

Continue reading

Почнува учебната 2008/2009 година

Post Views: 3 Основните и средните училишта денеска ја почнуваат 2008/2009 година, во која новина е воведувањето задолжително средно образование и вероучението во основно. По августовскиот уписен рок незапишани во средно останаа околу 2.700 ученици. Според проценките на Министерството за образование и наука (МОН), околу илјада од нив се очекува образованието да го продлжат во приватните средни училишта. За останатите уписот континуирано трае, а МОН најави стимулативни мерки за родителите кои не ги запишале децата во средно. Во спротивно ќе важи Законот за средно образование кој предвидува...

Continue reading

kosta Konkordija

Започна судењето на капетан Кукавица

Post Views: 2 Денеска започнува судењето на капетан “Кукавица“ кој е обвинет за насукувањето на бродот “Коста Конкордија“. Голем број експерти, правни застапници и преживеани од бродската несреќа на бродот “Коста Кокордија“, денеска во тосканскиот град Гросет ќе го започнат првото рочиште од судењето на капетанот Франческо Скетино за несреќата со бродот на 13- ти минатиот месец, кога животот го загубија најмалку 32 лица. Обвинението за убиство од небрежност, бродолом и пропусти во соработката со властите на пристаништето е подигнато против три лица од компанијата. Преживеаните поднесоа...

Continue reading

Како фејсбук групата „Туризам во Македонија“ започна неформална промоција на убавините на Македонија

Post Views: 2 Неодамна на социјалната мрежа „Фејсбук“ беше основана јавна група именувана како „Туризам во Македонија“. Основачите на групата велат дека целта им е да ги едуцираат и запознаат граѓаните со убавините на татковината. Групата е формирана во време кога пандемијата беше во најголем ек и кога желбата кај граѓаните да бидат туристи во сопствената земја беше се поголма. Во самата група може да забележиме дека има доста активни членови кои секојдневно споделуваат разни локации ширум државата, а во последно време има и се поголем број на интервјуа со сопственици на интересни...

Continue reading

Започна Балканскиот поетски камп за деца и млади „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески“

Post Views: 7 Започна Балканскиот поетски камп за деца и млади „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески“. Организатор на овој тридневен  поетски собир е Друштвото за култура и литература „Мацково“.  Денеска дел од младите поети и организаторите ги прими Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески. „Сакам да Ви честитам на истрајноста и упорноста, во овие тешки времиња за цел свет со здравствената криза со која се соочуваме сепак да се нафатите да организирате еден ваков благороден настан. Сите настани коишто се организираат и случуваат ова лето во Охрид се доказ...

Continue reading

sexy feet

Уапсен „цицачот на ножни прсти“

Post Views: 5 10 години откако започна да сее страв во Арканзас цицајќи им ги ножните прсти на жените под закана дека ќе им ги ампутира нозете ако не му дозволат, полицијата го уапси Мајкл Вајт.Мајкл зад решетки го сместија сведочењата на три жени. Две од нив имале блиска средба со „цицачот на прсти“ во продавница за обувки а третата била нападната пред влезот на сопствената куќа. Полицијата во Арканзас долго време добивала дојави од вознемирени жени кои тврделе дека непознат маж ги напаѓал и без дозвола им ги цицал палците на нозете. Сега кога „цицачот на палци“ е зад решетки, можат...

Continue reading

Започна 36-та Интернационална ликовна колонија “Дебрца 2020”

Post Views: 1 Во намален формат и со учество на ликовни уметници само од Македонија, започна 36-та Интернационална ликовна колонија “Дебрца 2020”. Ликовната колонија “Дебрца” не е обичен културен настан, туку олицетворение на уметноста и културата на Дебрца и доказ дека уметноста и културата не се создаваат само во урбаните центри, туку и во руралните средини и на секое место каде што има креативен творечки потенцијал.Уметничките дела создадени на Ликовната колонија не се само наследство на Дебрца и Македонија, туку се светско културно наследство. Ars longa, vita brevis, или уметноста...

Continue reading

Започна лигата во пинг понг

Post Views: 2 Во организација на Сојузот за училиштен спорт-Охрид под покровителство на Локалната самоуправа-Охрид започна лигата во Пинг-понг за основните училишта во Охрид. Натпреварите се одржаа во училишната спортска сала во О.У.Христо Узунов,а учество зедоа повеќе од 50 ученици во машка и женска конкуренција од сите основни училишта.Денес се одиграа 2 кола по “Репасаж” систем,а ќе се продолжи со натпревари во наредните два месеци. Победниците ќе бидат прогласени и наградени на 24 мај од страна на Градоначалникот на Охрид г-нот Никола Бакрачески.

Continue reading

ОПШТИНА ОХРИД ЗАПОЧНА КАМПАЊА ЗА ПОДИГАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА ЗАШТИТА ОД „КОВИД 19“

Post Views: 8 Под слоганот „Летувајте безбедно во време на пандемија“, Општина Охрид денес започна кампања за подигање на јавната свест кај посетителите, со цел да се зголеми почитувањето на мерките за заштита од Корона вирусот „Ковид 19“. Подготвени се промотивни флаери кои во текот на наредните денови ќе се делат на повеќе јавни локации, како што се охридската чаршија, градскиот кеј, градскиот плоштад и други фреквентни локации во градот. Во рамки на кампањата ќе бидат опфатени и угостителските објекти, сместувачките капацитети и плажите на охридското крајбрежје. Во флаерот се содржани...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top