Ознака: започна

Започна изградбата на репродуктивниот центар за елени на Галичица

Post Views: 0 Во Националниот Парк Галичица почна изградбата на репродуктивниот центар за елени. Центарот со големина од стоттина хектари ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци), а ќе биде опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници. Проектот, вреден 340.000 евра, е дел од Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја”, вредна 4,3 милиони евра, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање. Националниот...

Continue reading

ЗАПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА ПРЕМИУМ ЗОНАТА ЗА НАПЛАТА НА ПАРКИНГ

Post Views: 0 ЈП „Билјанини извори” ја известува јавноста дека започна да функционира премиум зоната за наплата на паркинг, уврдена со одлука на Советот на Општина Охрид број 08-8533/26 од 10.06 2019 година. Премиум зоната се применува на сите јавни паркиралишта и површини на кои ќе се врши паркирање на улица „Македонски Просветители” од пресекот со улица „Партизанска” до потегот на кружниот тек на плоштадот. Исто така ЈП „Билјанини извори” ги информира граѓаните на стариот дел на градот дека од денес 15-ти јули ставен е во функција електронскиот систем за влез и излез со помош на...

Continue reading

Викендов во Охрид започна летната школа за унапредување на бизнисот

Post Views: 1 Викендов во Конгресниот Центар во Охрид започна деветтата меѓународна летна школка, “Направи разлика, унапреди го бизнисот и помести ги границите со помош на дигиталните технологии“. На свеченото отворање пригодно обраќање имаше заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески: „Ми причинува чест и задоволство што по деветти пат го избравте Охрид, градот со испреплетена култура и јадрото на словенската писменост, за да ја реализирате програмата на годинешната летна школа под наслов: “Направи разлика, унапреди го бизнисот и помести ги границите со помош на дигиталните...

Continue reading

ЈП „ГРАДСКИ ПАЗАР” ЗАПОЧНА СО ПОСТАВУАВАЊЕ НА УНИФИЦИРАНИ ТЕЗГИ

Post Views: 2 ЈП „Градски Пазар” започна со поставување на урбана опрема-унифицирани тезги за продажба на источниот дел од плоштадот „Крушевска Република”. Овие активности се во согласност со Измените и дополнувањата на Годишната програма за поставување на урбана опрема, која ја усвои Советот на Општина Охрид на 30.05.2019 година и во согласност со Огласот бр. 01/2019 за прибирање на понуди за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема за комерцијално користење. Од јавното препријатие упатуваат апел до граѓаните да ги остранат паркираните моторни возила...

Continue reading

ЗАПОЧНА САНАЦИЈАТА НА ДЕЛ ОД ОХРИДСКОТО ПРИСТАНИШТЕ

Post Views: 1 Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ започнаа со санациони активности на пристанишниот дел пред капетанијата. Со специјална механизација се вадат камените блокови од езерските води кои претрпеле оштетувања и откорнати се од шеталиштето заради големи бранови под налети на силен јужен ветар. После оваа фаза, во соработка со Ј.П.„Градски гробишта„ ќе се продолжи со санирање на шеталиштето на овој потег.

Continue reading

ЗАПОЧНА ЧЕТВРТОТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „СЛОВЕНИЈА ВО ОХРИД“

Post Views: 2 Со целовечерен концерт по повод Денот на државноста на Република Словенија , викендов на сцената на Долни Сарај започна годинешното издание на фестивалот „Словенија во Охрид“. Пред бројната публика поздравно обраќање имаше претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска. – Ми претставува особено задоволство и чест да се обратам на почетокот на вечерашниот концерт со кој започнува традиционалниот фестивал „Словенија во Охрид“ што се одржува по повод одбележувањето на Денот на државноста на Република Словенија. Ова е уште еден во многубројната низа настани...

Continue reading

Започна првото пријавување за запишување ученици во прва година

Post Views: 1 Во средните училишта во државава денеска и утре се спроведува првото пријавување за запишување ученици во прва година во учебната 2019/2020 година во јунскиот уписен рок. Уште од утринава новите средношколци кои веќе одлучиле каде ќе го продолжат своето образование се упатија кон некој од четирите средношколски центри во градов за да ги достават своите пријави. Во општинското средно стручно училиште „Ванчо Питошески“ уписот течеше без никакви проблеми, а учениците имаат можност да се запишат на еден од шестте профили и тоа: тригодишните за кувари и келнери и четиригодишните...

Continue reading

Во Охрид започна со работа медицинскиот симулациски центар

Post Views: 1 Од денес во просториите на Специјалната болница за превенција,лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид , после претходно склучен Меморандум за соработка започна со работа Медицинскиот симулациски центар. Овој центар ќе функционира со цел едукација,тренинг,стандардизација на протоколи и координација на медицински персонал за напреднато срцево белодробно оживување на сите нивоа во третман на пациентите. Исто така овој центар во иднина ќе биде ставен во функција на сите групи граѓани во едукација на давање на прва медицинска помош или основно...

Continue reading

Започна промоцијата на новата еколошка кампања „За чисто како дома исто“

Post Views: 0 Делегацијата на европската унија, предводена од евроамбасадорот Самуел Жбогар ќе ги поддржи таканаречените херои од соседството кои ја започнаа промената и испраќаат моќна порака дека ѓубрето наоколу е наше. А промени настануваат преку давање пример од страна на поединци или на општините. Евроамбасадорот рече дека ќе биде голем срам за државата и граѓаните доколку Охрид го загуби статусот на заштитено светско наследство на УНЕСКО. Затоа сите треба да се обединат и да се направи се што е потребно, за Охрид да остане на глобалната листа на места со значајни природни и...

Continue reading

deponija

Се чисти депонијата во село Волино

Post Views: 13 По налог на Општина Дебарца, Јавното Комунално Претпријатие „Дебрца“ започна со акција за расчистување на дивите депонии во село Волино. Надлежните упатуваат апел до жителите од овој регион, да не фрлаат отпад на локацијата која е расчистена , посочувајќи дека во споротивно ќе бидат приморани да  преземат мерки за санкции на несовесните граѓани. {loadposition content9}

Continue reading

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СООБРАЌАЈНИЦАТА НИЗ ПОРАНЕШНАТА КАСАРНА

Post Views: 1 Започна реконструкцијата и проширувањето на сообраќајницата која поминува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“. Должината на новата улица е 480 метри, а градежните активности се очекува да завршат за неколку дена. Улицата, која ќе добие нова сигнализација и осветлување видно ќе го растовари сообраќајот од населбите „Радојца Новичиќ“, „Долно Лакочереј“ , „Горно Лакочереј“ и „Орман“ кон централното градско подрачје. Со реконструкцијата улицата ќе биде ставена во функција и ќе биде од голема корист за жителите на градот.

Continue reading

багер

Се асфалтираат улици низ Дебрца

Post Views: 10 Општина Дебарца деновиве започна со асвалтирање во шест населни места. Оровник, с.Горенци, с.Требеништа, с.Ботун,с.Ново Село, с.Белчишта со овие градежни зафати се подобрува патната инфраструктура во општина Дебарца сретства се издвоени од буџетот на општина Дебарца со овие активности ќе бидат изградени околу 3.500 м2 улици. Денес обиколка при изведување на градежните зафати изврши Градоначалникот на Општина дебарца Игор Трајкоски и увиде како тече текот на асвалтирањето. Фирма изведувач на градежните активности е Гранит. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top