Ознака: започна

Во Охрид започна вакцинацијата против сезонски грип

Post Views: 0 Во Центарот за јавно здравје Охрид од утринава веќе започна вакцинацијата против сезонски грип. Од Центарот за јавно здравје за Охрид информираа дека набавени вкупно 4000 дози вакцини. Објаснуваат дека станува збор за четиривалентна најнова вакцина против грип, од холандско и француско потекло која штити од четири видови инфлуенца и е според препораките на Светската здравствена организација. Првиот човек на центарот, Сашо Точков вели дека од оваа година категоријата граѓани кои е постари од 65 години, да имаат пензија пониска од 14.480 денари или воопшто да не примаат...

Continue reading

Царинската управа започна да го промовира концептот овластен економски оператор

Post Views: 9 Транспортерите, увозниците, извозниците, производителите и шпедитерите може да аплицираат за добивање уверение за овластен економски оператор. Со уверението кое ќе го издава Царинската управа на РМ ќе се олеснуваат царинските процедури. Македонските компании во меѓународниот синџир на снабдување ќе бидат признаени како безбедносни и сигурни со усогласени и ефикасни царински процедури. Станува збор за програма која воспоставува партнерски однос меѓу царината и деловната заедница информира Ѓоко Танасоски директор на Управата за Царина на РМ. „ Погодностите кои ги добиваат...

Continue reading

rusenje

Започна акцијата за рушење на дивоизгрaдените објекти на двата кеја од Дрим

Post Views: 0 Во Струга, почнаа да се отстрануваат дивоизградените објекти поставени на јавни површини на двата брега од реката Дрим. Вчера заврши рокот кој струшкиот градоначалник Зијадин Села им го даде на сопствениците  сами да ги отстранат дивоградбите. Од денес, со полициска асистенција, започна акцијата на фирмата за уривање која беше избрана на тендер, да ги руши објектите чии сопственици  одбија сами да ги отстранат дивоградбите. Акцијата градоначалникот Села ја најави уште во месец мај, а денес започна со нејзино спроведување. Од Коалицијата за подобра Струга, Перо Петкоски ...

Continue reading

Започна одбележувањето на 11 Октомври, Денот на народното востание

Post Views: 7 Со свечена  програма што се одржа денеска во големата општинска сала започна одбележувањето на 11 Октомври Денот на народното востание. Охрид и Македонија го одбележуваат празникот на македонскиот непокор. Во сите периоди на своето опстојување, Охрид бил дел од историските настани кои ја одредувале иднината на македонскиот народ, испишувајќи ја на таков начин сопствената историја и неспорниот придонес во градењето на европската цивилизација, истакна во своето обраќање пред присутните градоначалникот Јован Стојаноски.  „За многу одлуки во животот потребна е храброст....

Continue reading

Започна реализацијата на Erasmus plus проектот “3Е – It’s time to act”

Post Views: 2 Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” од Охрид, домаќини на состанок со претставници од невладини организации од Србија, Хрватска, Португалија, Италија и Словачка. Станува збор за почетна активност во рамките на Erasmus plus проектот “3Е – It’s time to act”., чијашто цел е зајакнување на претприемништво и вработливост кај младите луѓе, со помалку можности. Една од главните активности за спроведување на проектот е реализацијата  на младинскиот камп кој ќе се одржи на почетокот на месец декември во Охрид,  на кој учество ќе земат...

Continue reading

Започна турнирот во кошарка 3Х3

Post Views: 6 Со одигрувањето на натпреварите од првото коло синоќа во спортската сала „Билјанини Извори“ започна турниот во кошарка  3х3. Во групата „А“ постигнати се следните резултати:  Жито леб – Охрид Холидејс  3: 15 , Комуналец – Фаворити 0: 2 и Тераса Аквариус – Ноа 9: 11. Во групата „Б“ играа: Кентерс – МТ Интернационал  16: 4, Леарница – Дента медика  3: 15 а натпреварот помеѓу екипите на Ликвид и  Општина Охрид  е одложен. На турнирот учествуваат 12 екипи  поделени во две групи со по 6 екипи. Ќе играат секој со секоја а првите четири од двете групи ќе направат нова група...

Continue reading

Започна прославувањето на Курбан Бајрам

Post Views: 1 Муслиманските верници денеска го прославуваат големиот исламски празник Курбан бајрам. На првиот ден од четиридневното празнување се принесува жртва – курбан и се карактеризира со тоа што побогатите им помагаат на сиромасите. Наши сограѓани, денеска по посетата на џамииите на бајрамската молитва традиционално го организираа обичајот на принесување на курбанот со што започна славењето на големиот празник. “По повод празникот, на денешниот обичај како курбан беа принесени петнаесет глави крупен и ситен добиток, од кој беа приготвени пакети со месо со тежина од 5 до 8 килограми,...

Continue reading

Oд денес започна со работа новиот ресторан „Бистро Вилиџ“

Post Views: 9 Во комплексот „Village Вања Камчев“ од денес започна со работа новиот ресторан „Бистро Вилиџ“. Ова бистро е новина во нашиот град и нешто што му недостасуваше на туристички центар како што е Охрид. Бистрото има интересно мени со високо квалитетни оброци. Во понудата има свежи салати, супи, чорби и готвени јадења, а за љубителите на слаткото има и убави десерти. Цените се навистина достапни за сечиј џеб, па за сума од околу 100 денари може да се добие супер оброк. За првите посетители на денешното отварање на бистрото следуваше дополнителен попуст од 50% на целата храна,...

Continue reading

ЗАПОЧНА 12-ТАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ОД ОБЛАСТА НА БЕЗБЕДНОСТА

Post Views: 3 Вчера, во Охрид започна 12-тата по ред Меѓународна конференција од областа на безбедноста, во организација на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Темата на овогoдинешната конференција е „30 години независна македонска држава“. На свеченото отворање свое излагање имаше градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој посочи дека токму преку ваквите научно академски собири се трасира патот кон стабилна безбедносна иднина за државата и регионот. Учество на конференцијата зедоа професори и истражувачи од 12 земји од регионот и Европа,...

Continue reading

logo

Започна Скопскиот џез фестивал

Post Views: 7 Тврд но богат звук со емоции, за почетокот на 34 издание на „ Скопје Џез Фестивал“. Вака изгледаше вечерашниот настап на американскиот гитарист Џејмс Блад Алмер во Македонската опера и балет, со кој беше отворен фестивалот. Од гитарата на Алмер , кој важи за еден од најистакнатите претставници на фри-џезот во светот, можеа да се чујат неговите препознатливи примеси на афроамериканската музика , зачинети со блуз, фанк и фри-џез. – Џејмс Блад Алмер доаѓа истовремено и од фри-џезот. Тој беше близок соработник на Колмен. Водеше и свои некакви состави во тој стил, меѓутоа...

Continue reading

Започна асфалтирањето на патот Косел-Вапила

Post Views: 0 Деновиве  започнаа градежните активности за реконструкција на патот Косел – Вапила во должина од 2километри и 200метри. Се поставува асфалт со дебелина од 6 сантиметри, а на почетокот на трасата кај селото Косел ќе бидат изградени и тротоари со цел побезбедно минување на пешаците.Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга. Проектот е  вреден 120 000 евра, пари што општина Охрид  ги обезбеди во соработка    со Светска Банка и Фондовите од  Европската Унија. Градежните активности за реконструкција на овој патен правец се очекува да завршат пред почетокот...

Continue reading

Започна санацијата на ударните дупки

Post Views: 0 По завршувањето на тендерската постапка и вчерашното потпишување на договорот со фирмата- изведувач, денеска започна санирањето на ударните дупки на охридските улици. Се санираа ударните дупки на улиците „ 7.Ноември“ , „ Јане Сандански“ , „ Димитар Влахов“ , „ Македонски просветители“ , „ Партизанска“ , „ АСНОМ“ и кеј „Македонија“ .Санирањето на ударните дупки на другите сообраќајници ќе продолжи по велигденските празници.  

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top