Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” од Охрид, домаќини на состанок со претставници од невладини организации од Србија, Хрватска, Португалија, Италија и Словачка.
Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” од Охрид, домаќини на состанок со претставници од невладини организации од Србија, Хрватска, Португалија, Италија и Словачка.
Станува збор за почетна активност во рамките на Erasmus plus проектот “3Е – It’s time to act”., чијашто цел е зајакнување на претприемништво и вработливост кај младите луѓе, со помалку можности.
Една од главните активности за спроведување на проектот е реализацијата на младинскиот камп кој ќе се одржи на почетокот на месец декември во Охрид, на кој учество ќе земат 40 млади и младински работници од погоре наведените земји.
“Инклузија” е носечка организација за Македонија, заедно со центарот за доживотно образование “Едуфонс” од Нови Бечеј, Србија и волонтерската асоцијација “Грамигна” од Беневенто, Италија.
Како партнери се јавуваат и “Интерактива” од Осијек, Хрватска, “SYTEV” – Словачка младина за патување, образование и волонтерство и “Inspira” од Карвела, Португалија.
Средбата беше искористена и за потпишување меморандуми за соработка со сите погоре наведени чинители, во насока на креирање и спроведување квалитетни идеи и решенија за подобрување на квалитетот на живот на младиот човек во сите општини на делување на организациите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град