Tag: започна

ЗАПОЧНА ДЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“ ВО ТРПЕЈЦА

На отворањето пригодно обраќање имаше заменик – градоначалникот на Охрид, Ристо Николески. -Почитувани вљубеници во трпејчките зајдисонца, добровечер и добредојдовте на уште едно издание „На зајдисонце“ во преубавата Трпејца. Вечерва по десетти пат се собираме да го означиме почетокот на една од најавтентичните културно – забавни манифестации што се одржуваат во руралните средини. Дополнително радоста е поголема оваа година бидејќи се слави еден мал јубилеј 10 успешни изданија и само по себе „На зајдисонце“ прераснува во една традиционална манифестација. Групата ентузијасти која е најзаслужна...

Continue reading

ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА НА СУБВЕНЦИИ ЗА КЛИМА УРЕДИ

Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2021 година, а врз основа на претходно објавен повик, Општина Охрид  започна со исплата на 1 154 000 денари на 84 домаќинства од Охрид за субвенционирање при набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред. Според планираното општината им надоместува дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Со ваквиот проект локалната власт настојува да ги стимулира жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена на...

Continue reading

Започна теренската вакцинација

Започна теренската вакцинација за граѓаните кои немаат закажан термин за вакцина. Процесот е организиран од здравствените домови од секој град, а ќе се одвива без прекин со веќе направен распоред. Паралелно се одвива процесот на вакцинација редовно во рамки на здравствените домови. Вакцинацијата ќе се одвива буквално во сите оддалечени рурални места кои гравитираат кон еден централен здравствен дом, а ќе се аплицира кинеската вакцина „Синовак“. Во неколку пунктови низ земјава од утринава е регистрирана гужва од страна на граѓаните во раните утрински часови. -Ова е процес кој ќе се одвива без...

Continue reading

Свр Охрид ја започна кампањата „Превенција од кражби“

Во рамките на концептот ,,Полицијата со заедницата”, СВР Охрид и отсекот за превенција, ја отпочнаа кампањата ,,Превенција од кражби”. Во рамките на концептот ,,Полицијата со заедницата”, СВР Охрид и отсекот за превенција, ја отпочнаа кампањата ,,Превенција од кражби”. Целта е зголемена заштита на граѓаните и туристите од сторители на кражби и тешки кражби во нивните патнички моторни возила и во домовите, подигнување на безбедносната култура на граѓаните за потребата од поголема внимателност, градење на партнерство и јакнење на меѓусебната доверба како и фаќање на сторители...

Continue reading

ЗАПОЧНА 60-ТОТО ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ НА БАЛКАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ

Со настапот на Ансамблот “Македонија“ и Академското КУД “Бранко Крсмановиќ“ од Србија, синоќа започна 60-тото јубилејно издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Шеесет годишната културна манифестација, препознаена и призната од УНЕСКО, на која продефилирале над 60 илјади уметници, во наредните четири фестивалски вечери, низ играта и песната ќе ги шири универзалните вредности на фолклорот и интеркултурното разбирање на различните балкански народи. Од името на градот домаќин, пред присутните се обрати градоначалникот Константин Георгиески. – И после 60 години, од овде, од прекрасниот...

Continue reading

Воспоставена соработка меѓу воздухопловниот ВИНГ на АРМ и ПСС од Охрид

Со одобрение на Министерството за Одбрана и Генералштабот на Армијата, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид започна многу значајна соработка со армискиот воздухопловен ВИНГ, која во иднина ќе се продлабочува, со цел зголемување на ефикасноста и економичноста на спасителните операции. Со одобрение на Министерството за Одбрана и Генералштабот на Армијата, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид започна многу значајна соработка со армискиот воздухопловен ВИНГ, која во иднина ќе се продлабочува, со цел зголемување на ефикасноста и економичноста на спасителните операции. Соработката...

Continue reading

Започна отстранувањето на платформите од објектите на плажите кај Даљан

Утрово на својот фејсбук профил, Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиевски напиша дека деновиве се отстрануваат платформите од езерото кај Далјан. Утрово на својот фејсбук профил, Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиевски напиша дека деновиве се отстрануваат платформите од езерото кај Далјан. Потоа следи расчистување на теренот. ?️Туристите и на овој потег наскоро ќе добијат чисти плажи и повеќе простор во езерските води, додава Георгиевски. Општина Охрид продолжува со ослободување на плажите од бесправните платформи.

Continue reading

Започна првата организирана планинарска тура, од село Лактиње до славната Славеј Планина

Група вљубеници во природата и планината ја започнаа првата организирана планинарска тура, по новообележаната планинска патека од село Лактиње до славната Славеј Планина, во должина од околу 7 км. Група вљубеници во природата и планината ја започнаа првата организирана планинарска тура, по новообележаната планинска патека од село Лактиње до славната Славеј Планина, во должина од околу 7 км. Учесниците се надеваат дека ова ќе биде почеток на уште една убава традиција, која ќе биде помогната и од општина Дебрца. Дебрца е природно предодредена за рекреативен планинарски туризам и нашата заложба...

Continue reading

Започна меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“ 2021 година

Меѓународниот натпревар „Охридски бисери“ се одржува 20-ти пат во Охрид. Годинава пријавени се 90 учесници од 15 земји од светот. Меѓународниот натпревар „Охридски бисери“ се одржува во Охрид од 15-19ти јуни. Станува збор за јубилејно 20-то издание. Со оглед на фактот дека јубилејот се случува во време на пандемија претседателот на натпреварот Ѓорге Улишев вели дека е пријатно изненаден што натпреварот предизвикал внимание да се пријават учесници од 15 земји. „Имаме некаде околу 90 пријавени учесници, од кои селекцијата ја поминаа 74 учесници и кандидати од 15 држави. Бројка која за сега...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top