Започна реконструкцијата на кровот на Центарот за култура Браќа Миладиновци

Со овој зафат ќе се реши  повеќе деценискиот проблем кој ги уништуваше просториите на центарот. Последната  реконструкција на овој објект била реалзирана пред 3 децении. 

 |  Валентина Неловска  | 

Денес, започна замената на оштетената кровна конструкција на струшкиот Центар за култура Браќа Миладиновци. За реконструкцијата на ова национала установа се обезбедени 820.000 денари средства од ресорното министерство за култура кое издвои средства во висина од 750.000 денари и учество со сопствени средства на центарот во износ од 70.000 денари. Завршена е постапката за избор на изведувач според законот за јавни набавки, а целиот зафат треба да се реализира за 40 дена, вели директорката Николина Велковска Глигоровска.

„Потребата беше голема бидејќи имаше големо прокиснување на кровот. Со години наназад се уништуваа внатрешните простории на центарот. Реконструкцијата ќе се изврши на 630 метри квадратни. Мора да напоменеме дека на дел од кровот има и салонит кој се смета за канцероген и во оваа постапка целосно ќе се одстрани“, информира Велковска Глигороска.

Средствата кои се обезбедени за реконструкцијата се финансирани според Програмата за работа на НУ Центар за култура Браќа Миладиновци за 2019 година. Одобрени се средства за одржување, адаптација и набавка на опрема за установата, нагласува Велкова Глигуроска. Работите кои ќе се зибведуваат на кровнара конструкција ќе бидта според сиет стандарди ,а тоа ќе значи и крај на досегашните проблеми кои ги имаа вработените во Центарот.

„Имаше оштетување на таванот на дел во големата сала на Центарот за култура и во фоајето. Оштетувањата се одстранети , но кровот ќе мора д а се поправи за внатрешните простории повторно да не се оштетат“, вели директорката на Центарот за култура.

Покрај овој зафат, се работело и на освежување на работните простроии со боја ,а се бојадисани и внатрешните врати. Следен предизвик на директорката Велкоска Глигуроска е реконструкција на платот пред Центарот за култура Браќа Миладиновци.

Последната голема реконструкција на овој објект била реалзирана пред 3 децении.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top