Ознака: започна

Dedo Mraz na ploshtad

Дедо Мраз на градскиот плоштад

Post Views: 1 Денес на  градскиот плоштад започна новогодишната забава. Почетокот на оваа забава беше наменет за најмладите. Организирано се појавуваа претставници од скоро сите основни училишта. А, како спектакл и изненадување за дечињата беше доаѓањето на Дедо Мраз. На градскиот плоштад веќе започна најавуваната новогодишна забава. Нејзиниот почеток резервиран за најмладите. Организирана беше претстава во која учествуваа сите дечиња од основните училишта, како и од детската градинка „ Јасна Ристеска “. Како спектакл и изненадување токму за дечињата беше пристигнувањето на дедо...

Continue reading

а1

Уште една лоша слика од Македонија го обиколи светот

Post Views: 8 Што и се случи вчера на Македонија? Дали она што синоќа целокупната македонска јавност го гледаше во етерот, а се случуваше пред вратите на објектот во кој е сместена А1 телевизија, значи морален крах – и на националниот медиум и на  државата.Многу прашања останаа да лебдат во воздух, за кои најверојатно никогаш нема ни да ги слушнеме вистинските одговори. Дали навистина Управата за јавни приходи не можела 16 месеци да допре до финансовата евиденција на фирмите на Рамковски, па морала да побара асистенција од Министерството за внатрешни работи за да дојде до нив?...

Continue reading

sloboden Ohrid

Започна чествувањето на 66 години слободен Охрид

Post Views: 2 Започнаа активностите со кои се прославува 66 годишнината од слободен Охрид. Свечената седница започна со едноминутно молчење со кое им се оддаде почит на погинатите борци за слободата на Охрид и починатите учесници во Народно Ослободителната Борба. На седницата свое обраќање имаше градоначалникот Александар Петрески, кој истакна дека одбележувањето на ваквите важни датуми од историјата на Охрид не’ обврзуваат ние како генерација да дадеме свој придонес за неговиот натамошен развој. „ Нивниот придонес за денешната слобода го чувствуваме ние, но обврска е тоа да го прават...

Continue reading

grobishta

Половичен интерес за старателство на гробните места

Post Views: 0 ЈП „Охридски комуналец“ започна да го применува Законот за гробни места и  воведе старателство на гробните места.  Засега интересот за потпишување договори со роднините е половичен истакнува Ѓоко Филипчевски , раководител на ЈП Градски гробишта, чие формирање е во тек. За еден месец со регистрирањето на претпријатието се очекува оваа постапка да биде целосно завршена вели Филипчевски.  Старателите на гробните места ќе имаат и законска обврска. Тие ќе треба од семејниот буџет да издвојат сума пари за две ставки. И тоа годишно за одржување на гробните места, но и за еднократен...

Continue reading

plasici

Започна фестивалот за плашицита

Post Views: 7 Тој се одржува денеска и утре и е во рамки на саемот за туризам. Денеска кај каналот Студенчишта се одржа првиот дел од фестивалот – натпревар по риболов, а утре ќе се подготвуваат рибни чорби. Денеска на каналот Студенчишта се ловеше плашица. Оваа риба утре ќе се најде на бројни трпези  припремени од Охридските хотели, а ќе има и дегустатори кои ќе го одберат најфкусното од припременото. Ова е првата фаза од фестивалот за плашица. Вториот дел од истиот е утре кога ќе се палат огнови и натпреварувачите ќе подготвуваат рибни чорби. Од организацијата на фестивалот...

Continue reading

Истрага

Post Views: 13 „Илинден“ е исправен и на неговиот труп нема никакви знаци на оштетувања. Според првичните резултати од истрагата околу потонувањето на бродот „ИЛИНДЕН“, тој бил исправен и на неговиот труп нема никакви знаци на оштетувања.Освен скинатата сајла, ништо сериозно не укажува дека бродот потонал поради некакво насилно оштетување, потврди директорот на Управата за безбедност при МВР, Љупчо Тодоровски. На бродот кој во моментов е вкотвен во каналот Студенчишта не биле пронајдени траги на оштетувања.  Со ова се исклучува можноста „Илинден“ да бил насилно потопен,вели Тодоровски. Причините...

Continue reading

logo

Започна академската година

Post Views: 3 За прв пат, после 40 години студенската година во охридскиот факултет за туризам и угостителство започнува на 15 ти септември. Тое е согласно новиот закон за високо образование После 40 години студентите на факултетот за туризам и угостителство Св Климент Охридски студиската програма ја отпочнуваат на 15 ти септември. Имено годинава високото образование, стартува со низа новини, адаптирани согласно новите законски измени. Деканот на факултетот Софроние Миладиновски вели, иако затекнати од новите измени во високото образование успеавме да се организираме.Годинава за прв...

Continue reading

logo

СДСМ ја започнува трката за градоначалник и за места во советот на град Охрид

Post Views: 10 Со девизата „се за доброто на Охрид“ СДСМ ја започнува трката за градоначалник и за места во советот на град Охрид. Александар Петрески  упати апел до останатите кандидати за фер и демократски избори. Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ денеска во хотелот Маркони во Св. „Наум“ ја презентираше програмата за претстојните локални избори. „Решавање на инфраструктурните проблеми ќе е наш приоритет, клучот за излез од економската криза е точно во решавањето на ваквите проблеми“ -додаде Петрески. Од друга страна на денешното обраќање носителот на листата за советници...

Continue reading

molzenje pastrmka

Започна ловот на пастрмката која ќе се користи за вештачки мрест

Post Views: 2 Екипите на Хидробиолошки завод, по петти пат, го започнаа ловот на пастрмката за вештачки мрест. Единките беа уловени на три пунктови: кај Пештани, Трпејца и Охрид. Споредено со изминатите неколку години, денешниот улов е слаб, велат од Хидробиолошки завод. мал е бројот на единки кои би се искористиле за давање на подмладок. основната причина за ова ја гледаат во фактот што од албанската страна на езерото и понатаму неконтролирано се лови пастрмката помлада од 2- 3 години.   „Денес уловот е релативно слаб. Очекувавме да биде подобар. Ги нема единките кои би можеле да...

Continue reading

Centar za kultura Ohrid

Започна санација на дел од кровот на Центарот за култура

Post Views: 7 Од понеделникот започнаа  градежните работи за санација на дел од кровот на Центарот за култура, Григор Прличев. За да се спречи  прокиснување на кровот и негова поправка, Министертсвото за култура  издвои 1 милион и четиристотини илјади  денари. Се очекува ако потрае убавото време, работите да завршат за 15 -тина дена. Министерството за култура делумно ќе го финансира и загревањето на кино салата, а дел средства за затоплување ќе обезбедува и   центарот. Директорката на Центарот за култура  Драгана Боцевска вели, ладна кино сала нема да има  и гарантира дека ќе има...

Continue reading

vakcinacija

Започна вакцинирањето против сезонски грип

Post Views: 3 Охриѓани поитаа да ја примат вакцината и да се заштитат. Интересот за вакцинација е поголем за разлика од лани велат докторите. Годинава Заводот за здравствена  заштита од Охрид  набавил 1100 дози. За само два дена се  имунизиарани над 315 лица, кои за примање на вакцина  издвоиле  400 денари. Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, епидемиолог од охридскиот завод вели дека Светската здравствена организација препорачува вакцинирање на сите лица кои имаат  намален имунитет и хронични заболувања, како и на здравстените работници и лицата  кои работат во јавните служби. Во...

Continue reading

Започна вториот уписен рок на „Факултетот за туризам и угостителство“

Post Views: 2 Денес започна вториот уписен рок на универзитетите во земјава. На охридскиот Факултет за туризам и угостителство по завршувањето на првиот уписен рок, останаа празни уште 122 места. Најголем интерес, идните академски граѓани, покажале за насоките осигурување, туризам и за од минатата година воведената насока- безбедност и финансиска контрола. „На насоката Осигурување се изучуваат голем број економски предмети, па така по завршувањето дипломираните студенти може да најдат вработување во банка, осигурителни друштва, да работаат како брокери“, вели проф. Цветко Андреевски....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top