Започна чествувањето на 66 години слободен Охрид

Започнаа активностите со кои се прославува 66 годишнината од слободен Охрид. Свечената седница започна со едноминутно молчење со кое им се оддаде почит на погинатите борци за слободата на Охрид и починатите учесници во Народно Ослободителната Борба.

 |  Татјана Маленкова  | 
sloboden Ohrid
слободен Охрид

sloboden OhridЗапочнаа активностите со кои се прославува 66 годишнината од слободен Охрид. Свечената седница започна со едноминутно молчење со кое им се оддаде почит на погинатите борци за слободата на Охрид и починатите учесници во Народно Ослободителната Борба.

На седницата свое обраќање имаше градоначалникот Александар Петрески, кој истакна дека одбележувањето на ваквите важни датуми од историјата на Охрид не’ обврзуваат ние како генерација да дадеме свој придонес за неговиот натамошен развој.

„ Нивниот придонес за денешната слобода го чувствуваме ние, но обврска е тоа да го прават генерациите кои доаѓаат после нас. Како генерација одговорни сме да ја почитуваме и чуваме слободата и независноста и да ја развиваме сопствената држава. Тоа треба да го прават сите граѓани, а посебно ние кои вршиме важни функции“, истакна градоначалникот.

Градоначалникот не пропушти во својот говор да кажи дека тој и локаланата макотрпно работат да остават белег во развојот на Охрид.

sloboden Ohrid

Покрај градоначалникот пред присутните говор одржа и претседателот на сојузот на борците од Охрид и Дебарца, Гоце Ѓеорѓиески.

„Нашиот народ водел повеќевековна борба за своето национално и социјално ослободување. Во тие борби тој се борел за своето опстојување од неговите редови многу верни синови и ќерки  се бореле доследно за своите стремежи, се жртвувале себеси  и ги положиле своите животи. Посебно место во нашата историја завзема 7 ноември 1944 год. Одбележувајќи го овој ден не можеме да не си приспомниме за бурните и крвави настани кои се случуваа во историски Охрид“, истакна Ѓеорѓиески.

„ Во виорот на непокор во раните утрински часови на 7 ми ноември пред 66 години во ослободувањето на Охрид учествуваа првата бригада и вториот батаљон од 15 бригада. Посебно значајна беше улогата  на вториот батаљон од соствот на 15 бригада кој го затвори правецот Охрид Струга и не само што го забави движењето н Германците туку и им нанесе човечки загуби. Осебено најжестоки беа борбите околу Гимназијата, Гробишта, Касарната и калето“, истакна Ѓеоргиевски.

На свечената седница задолжени за културно – уметничка програма беа учениците од ОМУ „Методи Патчев“.

Во очи на празникот, утре во 10 часот, по повод патрониот празник на ЈП „Охридски Комуналец“ е предвидена заедничка акција на учениците, родителите и јавното претпријатие за уредување на дворот на ОУ „Св.Климент Охридски“.
Свеченото пуштање во употреба на просториите за новоформираните јавни претпријатија „Погребални услуги“ и „Гробишта“ е утре во 12 часот во Управната зграда на градските гробишта.

Според програмата во сабота пуштени во употреба ќе бидат и осветлувањето на игралиштето во населбата Рача и новото улично осветлување на улицата „Васил Стефоски“.
Саботните активности ќе бидат заокружени со пуштањето во употреба на училишниот двор и училишното игралиште во ОУ „Братство единство“ во Лескајца и ревијалниот фудбалски натпревар.

{loadposition content9}

 

 

 

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top