Уште една лоша слика од Македонија го обиколи светот

Криза на моралот, државата или нешто друго е во прашање?

 |   | 
а1
а1

Што и се случи вчера на Македонија? Дали она што синоќа целокупната македонска јавност го гледаше во етерот, а се случуваше пред вратите на објектот во кој е сместена А1 телевизија, значи морален крах – и на националниот медиум и на  државата.Многу прашања останаа да лебдат во воздух, за кои најверојатно никогаш нема ни да ги слушнеме вистинските одговори. Дали навистина Управата за јавни приходи не можела 16 месеци да допре до финансовата евиденција на фирмите на Рамковски, па морала да побара асистенција од Министерството за внатрешни работи за да дојде до нив? Дали новинарите навистина ја бранеа демократијата и слободата на изразување, или послужија како инструмент во нечии раце за постигнување на лични цели – бизнис или политички? Дали ваквата акција, доколку навистина била неопходна, не можеше да биде подобро организирана и координирана? Дали Котевски и Трајковски не требаше објаснувањето за акцијата да го дадат пред да се случи инцидентот?А, откако го дадоја, не ли помислија дека истото требаше да го сторат во медиумот во кој што се започна?

Borjan Jovanovski

Сигурно денес и деновиве што следуваат ќе има уште повеќе прашања, одговори, дилеми, обвинувања и оправдувања од сите страни. Дали синоќа беше суспендирана демократијата и дали тоа беше „вовед во тоталитарен режим“, како што обвини опозицијата или пак СДСМ сакаше да испровоцира немири, како што обвини владеачката ВМРО ДПМНЕ? Како и да е, едно е сигурно. Од синоќешните случувања најмногу изгубија македонските граѓани. Изгуби државата во очите на Европа и Светот. Сликата која што беше пласирана сигурно не не доближи до вратите на ЕУ и НАТО. Поради ваквите и слични  грешки, пропусти или што и да се, да не ни се случи долго посакуваните врати да ни останат затворени засекогаш.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top