Половичен интерес за старателство на гробните места

ЈП „Охридски комуналец“ започна да го применува Законот за гробни места и  воведе старателство на гробните места.

 |  Валентина Неловска  | 
grobishta
гробишта

ЈП „Охридски комуналец“ започна да го применува Законот за гробни места и  воведе старателство на гробните места.  Засега интересот за потпишување договори со роднините е половичен истакнува Ѓоко Филипчевски , раководител на ЈП Градски гробишта, чие формирање е во тек. За еден месец со регистрирањето на претпријатието се очекува оваа постапка да биде целосно завршена вели Филипчевски.  
Старателите на гробните места ќе имаат и законска обврска. Тие ќе треба од семејниот буџет да издвојат сума пари за две ставки. И тоа годишно за одржување на гробните места, но и за еднократен надоместок за купување на гробните места или за стекнување на право врз нив. Засега Јавното претпријатие  ја нема утврдено висината на чинење на таа услуга. За два месеци предлог ценовникот  ќе биде ставена на гласање пред охридските советници .
Цената нема да биде висока со оглед на економската  ситуација во земјата објаснува Филипчевски.
Гробните споменици кои нема да имаат старатели во иднина нема да бидат узурпирани тврдат од комуналец. Тие и понатака ќе опстојуваат како  споменици, но  без можност за повторно користење.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top