Ознака: започна

opsta bolnica

Започна со работа новиот дел на општата болница

Post Views: 4 Денеска видно раздвиженост во хируршката амбуланта од пациенти, доктори и останат медицински кадар. Директорот на општата болница д-р Љубен Арнаудов признава дека деновиве направиле максимални напори за да се преселат од Струга и старите привремени амбуланти, но добрата организација помогнала  во рекорден рок да се формираат сите амбуланти и одделенија во новиот блок. „Од денеска почна да работи хируршкото одделение, гинеколошкото, одделението за уво, нос и грло, гинекологија и операционите сали.  Сме во една од прориите на хируршкото одделение каде се гледа дека се...

Continue reading

akcija otpad

Започна акцијата за собирање отпад од електрична и електронска опрема

Post Views: 1 И годинава општина Охрид преку секторот за урбанизам и заштита на животна средина 22 април денот на планетата земја го одбележува со спроведување на традиционалната акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема. Акцијата која започна денска  ќе се спроведува до сабота на две локации. Едната на полигонот за мали спортови  и другата локација кај  „АКУМА ТРЕЈД“  на патот за Лескоец. „Граѓаните кои имаат ваков отпад, стари компјутери, монитори, процесори, тастатури глувчиња и други мали апарати од домаќинството да ги донесат тука и на тој начин ќе се ослободат...

Continue reading

pristaniste

Започна акција за чистење на дното на охридското пристаниште од муљ

Post Views: 5 Градското пристаниште се чисти од наносот кој се таложи во текот на годините и кој им ја попречува работата на бродарите. Капетанот на охридската капетанија Горан Устијаноски открива дека со акцијата предвидено е да се чистат три точки и тоа охридското пристаниште, пристаништето во Св.Наум и еден дел во каналот Билјанини Извори непосредно покрај едриличарскиот клуб и езерската полиција, делот кој е и најтесен и најплиток. „Тендерска постапка беше распишана. Плаќањето кон фирмата изведувач е со нафта од државните резерви, доделена за капетанија Охрид, односно за багерување...

Continue reading

src

Од општината информираат се скенира состојбата во урбанизмот

Post Views: 0 Градоначалникот Никола  Бакрачески од првиот момент на превземање на функцијата започна со целосен увид во работата на сите служби во Локалната самоуправа. Во прилог на ова  е и денешниот одговор од локалната на прашањето на ТВМ  што се гради на дел од СЦ „Билјанини извори“. Од општинската администарција, денес не брифираа, дека во моментов ја скенираат состојбата во урбанизмот во Охрид, издавањето на дозволите и законските постапки. Наскоро  ќе илезaт со официјална информација  за состојбите и на овој потег. Минатата недела ТВМ на реакција од наши граѓани пишуваше за...

Continue reading

korpa

Корпи за отпадоци на секоја охридска улица

Post Views: 2 Поставување корпи за отпадоци на секоја фрекфентна  улица е најновиот зафат што започна да го реализира ЈП „Охридски комуналец“. Директорот на ЈП , Сашо Алче информира дека започнале со поставување на 100-тина нови корпи, покрај 100-те претходно поставени. Со тоа ќе бидеме прв град во Македонија каде што ќе има поставено корпи за отпадоци на секоја улица, нагласува Алче. Вакви садови за одлагање на отпад ќе бидат поставени во близина на автобуските  постојки, такси станиците, детските игралишта, училиштата  за  градот да биде што почист. Специјално возило ќе биде ангажирано...

Continue reading

isplata steti zemjotres Debrca

Започна исплатата на штетите од земјотресот во Дебрца

Post Views: 3 Семејствата од Дебрца чии имоти беа оштетени  во земјотресот кој се случи во месец јуни минатата година, конечно ќе добијат надомест за претрпената штата. По неколкуте увиди на епицентралното подрачје кои ги направи вице премирот Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и комисијата за проценка на штата при локалната самоуправа, до владата беа испратени 453 барања за финансиска помош. Од нив 6 биле одбиени, поради нецелосна документација. Дознавеме дека комисијата за проценка на штети по увидот констатира оштетување на имотите на луѓето...

Continue reading

planina

Охридските спасувачи на планина немаат опрема

Post Views: 0   Ентузијазмот, добрата воља и нешто малку опрема е она со кое располага охридската екипа за спасување на планина. Во овие зимски услови помошта на оваа екипа на многу граѓани, а особено на оние кои живеат во планинските предели може да им биде неопходна, но ретко кој ја сфаќа сериозноста од нејзиното постоење, вели Антонио Додевски, секретарот во охридскиот Црвен крст. Опремата со која располага оваа единица 70% е лична, а само 30% црвениот крст ја обезбедил преку  донации и нивни партнери како што е Црвениот крст од Германија и операцијата Флоријан од Англија. Додевски...

Continue reading

balon igraliste

Стопирана изградбата на игралиштето балон

Post Views: 1 Привремено стопиран проектот за изградбата на игралиште балон во дворот на ОУ „Григор Прличев“. ТВМ дознава дека проектот за кој се крена доста прашина изминативе денови, само што започна – се прекина. Оваа информација ја потврдуваат од секторот за образование при локалната самоуправа. Раководителот Серафим Наумовски вели дека проектот е само привремено стопиран и дека истиот штом завршат законските постапки ќе се реализира. „Спогодбено се раскина договорот меѓу двете странки. Постапката со тој чин заврши. Во јавните гласила објавена е објавата за издавање на закуп на ...

Continue reading

kanal

Каналот во Горица исчистен-недоисчистен

Post Views: 0 Каналот во близина на плажата  Горица кој започна да се чисти пред две недели  остана  недоисчистен.  На овој потег кој води кон плажите секојдневно  проаѓаат туристи кои реагираат на грдата слика од неподигнатиот отпад која го нарушува убавиот предел. Гостите кои летниот одмор го поминуваат во Охрид порачуваат дека треба да се посвети поголемо внимание на чистотата на околината. Мора да се исчисти и среди простoрот повеќе, се честите коментари упатени кон надлежните за глетката на овој простор.Со оглед на тоа што туристичката сезона е веќе започната побаравме одговор...

Continue reading

urivanje divogradba IVIRE

Започна уривањето на дивоградбата „ИВИРЕ“ во Трпејца

Post Views: 1 Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам при министретвото за транспорт и врски започна со уривање на дивоградбата „ИВИРЕ“ во Трпејца. Само десеттина дена одкако ресорното министерство и ги одзеде ингеренциите од локалната самоуправа за овој објект, механизацијата претпладнево излезе на терен и  ја започна акцијата.  Се уриваше објектот кој е комплетно е дивоградба, а што се однесува до објектот кој е делумно дивоградба најверојатно ќе се урива утре. Жителите од Трпејца задоволни што конечно во Македонија започнаа да се спроведуваат законските прописи и она...

Continue reading

kuka

Реакција на наводите изнесени во прилогот “Започна изградбата на куќата на Ајри Доко”

Post Views: 2 Сопствениците на соседната куќа до куќата на Ајри Доко до нашата редакција испратија демант  на изнесувањата на Тања Паскали Бунташеска во прилогот „Започна изградбата на куќата на Ајри Доко“, демантот ви го пренесуваме во целост. Демант на невистинити наводи изнесени во дописот “Започна изградбата на куќата на Ајри Доко” Почитувани, Повод за овој допис се наведените дрски невистини објавени во изјавата на Г- ѓа. Тања Паскали Бунташеска во написот споменат погоре објавен на 20-ти Февруари, која наведува дека причина за изведување на активноста била изградбата на соседната...

Continue reading

nurkaci

Започна третата фаза за чистење на езерото од убојни средства

Post Views: 13 Со детекција и обележување започна третата фаза од чистењето на дното на езерото од неексплодирани убојни средства. Од Дирекцијата за заштита и спасување, информираат дека чистењето на убојните средства и во оваа трета фаза од проектот ќе се врши на две локации – кај градското пристаниште и во Пештани. „Третата фаза не значи дека езерото комплетно ќе се исчисти од убојни средства. Средства се обезбедени за оваа фаза, но се надевема дека и во иднина ќе се најадат донатори кои ќе овозможат да продолжи проектот“; вели советникот по мерки за заштита и спасување при...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top