• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Реакција на наводите изнесени во прилогот “Започна изградбата на куќата на Ајри Доко”

Реакција на наводите изнесени во прилогот “Започна изградбата на куќата на Ајри Доко”

Сопствениците на соседната куќа до куќата на Ајри Доко со реакција на изнесувањата на Тања Паскали Бунташеска.

 |   | 
kuka
kuka

Сkukaопствениците на соседната куќа до куќата на Ајри Доко до нашата редакција испратија демант  на изнесувањата на Тања Паскали Бунташеска во прилогот „Започна изградбата на куќата на Ајри Доко“, демантот ви го пренесуваме во целост.

Демант на невистинити наводи изнесени во дописот “Започна изградбата на куќата на Ајри Доко”

Почитувани,

Повод за овој допис се наведените дрски невистини објавени во изјавата на Г- ѓа. Тања Паскали Бунташеска во написот споменат погоре објавен на 20-ти Февруари, која наведува дека причина за изведување на активноста била изградбата на соседната куќа.

Ние како сопственици на токму наведената соседна куќа ве информираме дека истата се наоѓа на растојание од 2 метри од куќата на Ајри Доко.

Поради судски спор за наводно оштетување на куќата за истово е изработен и вешт наод и мислење број 02/09 од 04-ти мај 2009 година, кое е доставено до основен суд во Охрид на 02 Јуни 2009 година како В.П.П бр. 195/09.

Во вештиот наод е наведено дека објектот за кој се тврди дека има оштетување  е објект изграден пред повеќе од 30 години, изграден од нестандарден градежен материјал, со меѓукатна конструкција од дрвени граѓи и тавани изведени од трска, и истиот не е димензиониран со асеизмички пресметки.  

Во наодот е наведено дека од извршениот увид на лице место видно е дека поголем дел на појавените пукнатини се појавени пред да се почне со изградба на објектот. Дел од овие пукнатини се повторно појавени како резултат на соседната градба и примитивната  изградба на оштетениот објект.

И покрај тоа што пукнатините се од претходен период, проценката за целосно санирање на истите е во вредност од 58 илјади денари (950 евра), кои средства се исплатени. Оваа проценка е далеку од изјавата дека објектот бил сериозно оштетен.

Оттука е очигледна тенденциозната и целосно искривена вистина презентирана од Г- ѓа. Бунташеска, и прашуваме која е целта на изнесувањето на овие лаги?

Дали можеби истите се користат за прикривање на несоодветната постапка на носење на одлука за преземените градежни активности.

Поздрав,

Од сопствениците на соседната куќа

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top