Корпи за отпадоци на секоја охридска улица

Поставување корпи за отпадоци на секоја фрекфентна  улица е најновиот зафат што започна да го реализира ЈП „Охридски комуналец“.

 |  Валентина Неловска  | 
korpa
korpa

Поставување корпи за отпадоци на секоја фрекфентна  улица е најновиот зафат што започна да го реализира ЈП „Охридски комуналец“. Директорот на ЈП , Сашо Алче информира дека започнале со поставување на 100-тина нови корпи, покрај 100-те претходно поставени. Со тоа ќе бидеме прв град во Македонија каде што ќе има поставено корпи за отпадоци на секоја улица, нагласува Алче. Вакви садови за одлагање на отпад ќе бидат поставени во близина на автобуските  постојки, такси станиците, детските игралишта, училиштата  за  градот да биде што почист. Специјално возило ќе биде ангажирано за подигање на отпадоците од поставените  корпи, информира Алче.
korpa

„ Секое попладне ќе се обиколуваат 200-те поставени корпи за да се собира отпадот. Многу е важно акцијата да ја прифатат граѓаните. Во корпите да не одлагаат домашен смет, како и отпадоци од дуќаните и становите бидејќи капацитетот на корпите е димензиониран за да издржат на фрекфентните улици еден ден.“

ЈП „ Охридски Комуналец“ планирана спроведување и  едукативна акција. За учениците ќе бидат поделени флаери со кој ќе се подига јавната свест за чиста околина. Од пред неколку недели започна и хортикултурното уредување на градот, вели Алче. Засадени и обновени се дрворедите на неколку градски улици, како што Асном и Марко Цепенков.

kamion

„ Ги заменавме сите уништени дрвореди и каде што дозволува ширината на тротоарите посадивме 150 стебла јасен. Тоа е специфично дрво, неговиот корен нема да ги уништува тротоарите и подземните инсталации, а крошната лесно се обликува  и дава  добра сенка на тротоарите“.

Директорот Алче најавува и нови зафати. На повеќе зелени површини ќе бидат засадени оранжериско цвеќе и растенија одгледани во нивните орнажерии. Тоа ќе биде во насока на  хортикултурно оплеменување на градот. Напоменува дека ќе биде инсталиран и системот за наводнување во Паркот на пријателството.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top