Започна третата фаза за чистење на езерото од убојни средства

Третата фаза не значи дека езерото комплетно ќе се исчисти од убојни средства.

 |  Татјана Маленкова  | 
nurkaci
нуркачи

nurkaci

Со детекција и обележување започна третата фаза од чистењето на дното на езерото од неексплодирани убојни средства. Од Дирекцијата за заштита и спасување, информираат дека чистењето на убојните средства и во оваа трета фаза од проектот ќе се врши на две локации – кај градското пристаниште и во Пештани.
„Третата фаза не значи дека езерото комплетно ќе се исчисти од убојни средства. Средства се обезбедени за оваа фаза, но се надевема дека и во иднина ќе се најадат донатори кои ќе овозможат да продолжи проектот“; вели советникот по мерки за заштита и спасување при дирекција за заштита и спасување Сашо Матлиески.

pirotehnicar

„Тие се на длабочина и не претставуваат директна опасност за граѓаните, се наоѓаат на длабочина од 30 см. и подлабоко. Нема никаква опасност но треба да се извадат. Опсноста е доколку бранот ја исчисти песокта и некој да дојде до тоа убојно средство и да го злоупотреби“, вели Сашо Матлиевски, пиротехничар во центарот за управување со кризи.

Во претходно спроведените две фази од акциите за чистење на дното на езерото беа извадени над 16 тони бомби, мини и гранати, кои датираат од првата светска војна и балканските војни, но одредени примероци се од втората светска војна. Во третата фаза и на двете локации најпрво се одбележува просторот, а потоа и ќе се вадат неексплодираните убојни средства, вели меѓународниот нуркачки инструктор кој воедно е и дел од тимот за деминирање Милутин Секуловски.

„Првиве денови ни се за одбележување на дното во езрото по што ќе започнеме со детекција на минскоубојни средства, тоа значи дека од оној дел кај што завршивме почнуваме понатака. Како и во претходените две акции се надеваме дека и во овој дел ќе најдиме мини. Најпрво ќе го пребараме плиткиот дел кај пристаништето“, вели нуркачот Милутин Секуловски.

Средствата за проектот се обезбедени од САД преку АЈ ТИ ЕФ.  Супервизорот задоволен од текот на акцијата.

Ohridsko ezero„Охридското езеро е познато дека има многу мински експлозивни средстства и тоа не само на овој потег, туку и во делот на езерото кон Струга. Приобалниот дел ние веќе го решивме и го исчистивме. Голема количина артилериска муниција најдовме во делот кај Пештани. Тоа се мини кои поединечно тежат по 40, 50 килограми. Овде во Охрид најдовме минифрлачки гранати и рачни бомби. Морам да признам дека секоја засеба е опасна“, вели Есад Хумо, кој е надзор на проектот.

Ова е трета фаза од акцијата за уништување на неексплодирани убојни средства. Проектот започна во 2007 год. Првата фаза се реализираше во 2010 год. од јануари до февруари, втората фаза се спроведе од  месец март до месец април 2011 год. а третата фаза која е воедно и последна од проектот треба да заврши до 20 март годинава.
Извадените неесплодираните убојни средства најпрво се собираат во магацин на Мауцкер, а потоа се уништуваат на Криволак, или пак во Стари бункери – Кичево.
Неесплодирани убојни средстава има и во езерото на потегот кај Струга, но и во езерото од Албанска страна.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top