СДСМ ја започнува трката за градоначалник и за места во советот на град Охрид

Со девизата „се за доброто на Охрид“ СДСМ ја започнува трката за градоначалник и за места во советот на град Охрид. Александар Петрески  упати апел до останатите кандидати за фер и демократски избори.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Со девизата „се за доброто на Охрид“ СДСМ ја започнува трката за градоначалник и за места во советот на град Охрид. Александар Петрески  упати апел до останатите кандидати за фер и демократски избори.

Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ денеска во хотелот Маркони во Св. „Наум“ ја презентираше програмата за претстојните локални избори.

„Решавање на инфраструктурните проблеми ќе е наш приоритет, клучот за излез од економската криза е точно во решавањето на ваквите проблеми“ -додаде Петрески.

Прес на СДСМ во Св.НаумОд друга страна на денешното обраќање носителот на листата за советници Бранислав Трпчески истакна дека ресурсите и потенцијалите на Охрид не се во целост искористени и додаде дека изградбата на Охрид во туристички центар, во голема мерка ќе зависи од работата на советот на градот.  

Според Александар Петрески, во изминатива четири години општината Охрид активно работеше на решавање  проблемите низ градот, а за тоа самите граѓани најдобро ќе можат да пресудат.

Кандидатот за градоначалник, заедно со кандидатите за советници ги посети селата Љубаништа, Трпејца, Пештани и Рача, каде продолжи да ја промовира својата програма.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top