Започна акцијата за рушење на дивоизгрaдените објекти на двата кеја од Дрим

 Започна акцијата за рушење на  дивоизгрaдените објекти на двата кеја од Дрим.

 |  Валентина Неловска  | 
rusenje
rusenje

Во Струга, почнаа да се отстрануваат дивоизградените објекти поставени на јавни површини на двата брега од реката Дрим. Вчера заврши рокот кој струшкиот градоначалник Зијадин Села им го даде на сопствениците  сами да ги отстранат дивоградбите. Од денес, со полициска асистенција, започна акцијата на фирмата за уривање која беше избрана на тендер, да ги руши објектите чии сопственици  одбија сами да ги отстранат дивоградбите. Акцијата градоначалникот Села ја најави уште во месец мај, а денес започна со нејзино спроведување.
rusenje
Од Коалицијата за подобра Струга, Перо Петкоски  кажа дека ја поддржуваат акцијата на Села.
Како коалиција ги поздравуваат сите активности за средување на урбаниот хаос, но изразија и доза на резерва. Бараат да се напрви стручна анализа каде  и како може да се постави урбана опрема, како би се избрало најдоброто решение за потребите на Струга како туристички град и луѓето кои живеат од туризмот.

Инаку, во месец мај Села најави и средување на состојбите со плажите.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top