Започна со работа реновираниот Тинекс маркет во ТЦ Трудбеник

Маркетот има комплетно нов и модерен ентериер кој се протега на 400м2 продажен простор. Во склоп на маркетот работи пиљара со богат избор  на свеж зеленчук и овошје. По повод повторното отворање на реновираниот маркет  потрошувачите ги очекуваат ексклузивни акции , големи попусти и промоции .

 |   | 

Повторно е отворен реновираниот Tinex маркет во Охрид, кој се наоѓа во склоп на  ТЦ „Трудбеник“. Денеска маркетот ги прими првите муштери во новиот модерен амбиент со запазување на сите препораки од здравствените власти како потсетување на потрошувачите за задолжително носење маски и средство за дезинфекција на влезот, обележани растојанија од 2 метри со лепенки на подот и заштитени вработени.  

„По повод повторното отворање на реновираниот маркет направивме ексклузивни акции , големи попусти и промоции кои важат само за овој маркет. Ги повикуваме жителите на Охрид да повелат во нашиот маркет  во ТЦ Трудбеник да ги искористат одличните акции и да уживаат во пазарењето.“ – вели Александра Шопоска – менаџер на маркет.

Денеска потрошувачите добија двојно повеќе поени на износот на сметката  на нивната Тинекс поен + картичка, а акциите и промоциите ќе продолжат.  Маркетот има комплетно нов ентериер и располага со голема и модерена пиљара каде може да се купи свежо овошје и зеленчук, нови ладилници за месо и свежа пакувана риба, сувомеснати производи, винарија и др. Покрај ова прво целосно реновирање , изгледот на овој маркет, од неговото отворање во 2006 та година постојано беше освежуван.


„Целта на нашата компанија Тинекс е да ги обезбеди најдобрите услови за пазарење на нашите потрошувачи  и токму затоа нашите маркети редовно се реновираат и надополнуваат содржините“ -вели Шопоска.

Реновираниот маркет се протега на 400м2 продажен и 50 м2 магацински простор, како и сопствен паркинг простор. Комплетно реновиран е целиот продажен простор и просториите за вработените.  Во маркетот работат 14 вработени и постојано работат три наплатни каси за услужување на потрошувачите без да се создаваат редици.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top