ОО ЦК започна повторно да прима донации од облека и обувки

Прекинот беше неколкумесечен заради реновирање на магацинскиот  простор. Луѓето од ранливите групи најчесто имаат потреба од зимска облека и обувки.

 |  Валентина Неловска  | 

Хуманите граѓани може повторно да ги доставуваат донациите во просториите на ОО ЦК. По неколкумесечниот прекин заради реновирање на магацинскиот простор е овозможено повторно прифаќање на донациите од хуманите сограѓани, вели Сашо Точков, претсeдател на  од ОО ЦК.

„Облеката да е користлива, да не е скината. Граѓаните да не носат отпад од дома секојдневно се среќаваме со такви злоупотреби. Апел до граѓаните да носат облека која е испрана, не мора да е пеглана, но да е употреблива за крајните корисници“, повикува Точков.

Луѓето од ранливите групи имаат потреба од помош заедницата и хуманите сограѓани, нагласува Точков. Она што за некои категории луѓе повеќе не им е потребно, за луѓето во социјален ризик тоа значи многу, укажува Точков.

„Во просторот каде што се складираат донациите секојдневно доаѓаат луѓе и им го даваме она што имаат потреба. Затоа ако граѓаните имаат нешто што не го користат да го подарат“, повикува Точков.

Најчесто луѓето кои не можат да си дозволат да купат нови работи имаат потреба од зимска облека, а тоа се јакни и обувки. Може да се донираат и други видови облека, играчки за деца. Но, засега големи се залихите од ќебиња, а постелнини воопшто не се барани. Сашо Точков, престедателот на ОО ЦК, ги замолува граѓаните да не ги донираат овие видови покуќнина за да не зафаќаат простор во магацинскиот простор за попотребните предмети на ранливата категорија сограѓани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top