Ознака: езеро

protesti

Протести за судските пресуди за случајот „Монструм“

Post Views: 7 Полицијата против насобраните демонстранти во врска со судските пресуди за случајот „Монструм“ употреби шок-бомби, за да ги одврати од кај Основниот суд-Скопје кон Јајапашината џамија. Демонстрантите фрлиле солзавец кон полицијата и новинарските екипи. Според првичните информации, најмалку двајца се приведени од полицијата. Околу илјада насобрани лица по попладневната молитва тргнаа од кај комплексот Чаирчанка, организирани преку социјалните мрежи, на протести против максималните доживотни затворски казни за шестмината обвинети во случајот петкратно убиство на Смилковското...

Continue reading

Презентиран проектот Фауна на полжавите (Gastropoda) од Охридско Езеро

Post Views: 0 Денес во Охрид се одржа презентација на резултатите од проектот со наслов „Фауна на полжавите (Gastropoda) од Охридско Езеро“ финансиран од Општина Охрид, а реализиран од Одделението за фауна на дно при ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид. Главната цел на проектот е зголемување на јавната еколошка свест кај локалното население и учениците од примарното образование за улогата и важноста на фауната на полжавите од Охридско Езеро за одржување на вкупната стабилност на Езерото, како и афирмација на нивната научна важност, нагласениот диверзитет и ендемизам но и нивната еволутивна...

Continue reading

osomniceni

Епилогот на случајот „Монструм“ – шест доживотни затворски казни

Post Views: 2 Шест доживотни затворски казни и една ослободителна пресуда е епилогот од судскиот процес во случајот ’Монструм’ што трае две години, во Основниот суд Скопје 1. Според пресудата, што денес во судницата во присуство на семејствата на обвинетите и жртвите ја прочита претседателот на судскиот совет Ивица Стефановски, на доживотен затвор за сторено кривично дело ’тероризам’ се обвинети Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се во затвор во Приштина, потоа Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. За Рами Сејди судот донесе ослободителна пресуда, затоа што не постоеле цврсти докази...

Continue reading

Петков – „човекот амфибија“ постави нов светски рекорд во Охридско Езеро

Post Views: 7 Јане Петков од Петрич,  Бугарија, познат како „човекот амфибија“ денеска во Охридското езеро постави нов светски рекорд во пливање врзан со ланци и во вреќа. Со оваа несекојдневна атракција Петков по втор пат ќе се запише во Гинисовата книга на рекорди а со тоа и Охридското Езеро во чии води за прв пат го постави рекордот во 2013 година.  „Многу добро се чувствувам . Среќен сум што сите заедно успеавме да го подобриме рекородот. Ова е значаен датум за Охрид и за Петрич. Немав поголеми проблеми. Освен студената вода и брановите поради кои ми се наруши дишењето на дел...

Continue reading

За Јане Петков ладните струи во Охридското езеро најважни за утрешниот Гинисов рекорд

Post Views: 0 Јане Петков е кондиционо подготвен утре да постави нов светски Гинисов рекорд во водите на Охридското езеро. Тој ќе плива 3,5 км со врзани раце и нозе во вреќа, иако неговата здравствена состојба е специфична со ниски вредности на хемоглобин во крвта. Со цврста верба во себе, со помош на јогата и техниките на дишење, нумерологијата и покрај непредвидливите струења на ладните води во езерото, Петков верува дека на Охидското езеро ќе постави светски рекорд и ќе го собори рекордот на индиецот Гопал Карди. Во текот на подготовките во Охрид, Петков добил несебична поддршка...

Continue reading

Подводните нуркачки авантури во Охридско Езеро се поатрактивни за туристите

Post Views: 7 Се поголема е заинтересираноста кај туристите и локалното население за нуркање и подводни екскурзии во Охридското Езеро.  Од охридскиот нуркачки клуб Амфора велат дека гости од Западна Европа специјално доаѓаат во Охрид за да уживаат во подводниот свет на езерото. Најбројни се од Холандија, Германија, Швајцарија и Австрија но ги има и од балканските земји.  Нуркањето е лесно и безбедно кога се користи квалитетна опрема и низ обуката ве води професионална екипа од интернационални инструктори како што се Милутин и Јован Секулоски од клубот Амфора. „Постојат програми за...

Continue reading

Подводниот свет на Охридско Езеро низ објективот на нуркачите од НЦ „Амфора“

Post Views: 7 Дваесеттина најубави фотографии од подводниот свет на Охридското Езеро денеска беа изложени на градскиот плоштад. Целта на изложбата која го привлече вниманието на охриѓани и на туристите е да се подигне јавната свест на пошироката јавност за важноста и потребата од заштита на Охридското Езеро како и промоција на езерото и градот, велат организаторите од Нуркачкиот центар Амфора. Езерото крие посебен свет со неизмерна убавина од која дел овековечи објективот на нуркачите Јован и Милутин Секулоски. „Сметам дека едни од најинтересните од фотографиите кои се направени се...

Continue reading

Колекторскиот сиситем на Охридското езеро е во колапс

Post Views: 0 На Охридското Езеро не функционира колекторскиот систем со пречистителната станица во Враништа и пумпните станици. Колекторот е пуштен во употреба точно пред 3 децении и сега е во целосен колапс. Тоа е нашиот најголем еколошки проблем, изјави охридскиот градоначалник Јован Стојаноски по обиколката на пречистителната станица во Враништа, со првите луѓе на Проаква од Охрид и Струга. До месец септември очекуваме помош од Владата, бидејќи станува збор за голема инвестиција која општините од двата соседни града не можат да ја обезбедат. Во меѓувреме, МЈП Проаква заедно со...

Continue reading

Загрижени угостителите апелираат Елем совесно да стопанисува со водостојот на Охридското езеро

Post Views: 5 Високиот водостој на Охридското езеро кој во моментов е 20 см над дозволената кота им прави големи штети на угостителите и на жителите на крајбрежниот појас. Подолго време трае загриженоста и на угостителите и на жителите. Угостителските објекти трпат високи штети бидејќи и при мртов бран, од осцилација на водната површина, им се поплавуваат терасите, а жителите пак стравуваат од нарушување на стабилноста на куќите, вели Михаил Мишев претседателот на угостителскиот еснаф Охрид. „ Таков висок водостој не се памети многу долго време. Мислиме дека е резултат на несоодветно...

Continue reading

Ќе се прави нов план за управување со сливот на Охридското езеро

Post Views: 1 Ќе се прави нов план за управување со сливот на Охридското езеро. Овај план е од суштинско значење за заштитата и управувањето на езерото, како и на реката Црн Дрим. Планот е билатерален и интегрален и ќе биде изработен согласно Европската рамковна директива за води и националните законодавства на двете земји кои го споделуваат Сливот на Охридското езеро. Ова ќе има и една поширока компонента. ЗА тоа впрочем се залага и премиерот Заев. ДА се стават на маса сите проблеми поврзани околу заштитата на Охридското езеро и неговиот слив и да се изнајдат најсоодветни решенија,...

Continue reading

Научниците едногласно ја усвоија Декларацијата за заштита на еко системот на Охридското Езеро

Post Views: 1 Едногласно усвоена Декларацијата за заштита на Студенчишко блато, од страна на светски научници за блатни системи.  Научниците врз основа на својата експертиза и посетата на блатото во документот констатираат неколку елементи. Охридското Езеро и со него поврзаното Преспанско Езеро имаат исклучителна вредност поради богатството на биолошка разновидност и неспоредливиот континуитет на развој во текот на најмалку 1,6 милиони години. Охридското Езеро е сè уште во извонредна состојба, но постојаниот внес на отпадни води претставува сериозна закана по неговиот квалитет. Последното...

Continue reading

Нападнат пловен објект во водите на Охридското езеро

Post Views: 0 Нападнат пловен објект во водите на Охридското езеро и лишување од слобода на опасни лица. Ова беше само дел од тактичко- показната вежба која денеска на пристаништето во Охрид припадниците на Единицата за специјални задачи, Езерската полиција и Хеликоптерската единица, во склоп на одбележувањето на 7 Мај- Денот на македонската полиција, и презентираа на јавноста дел од своите професионални можности, ефикасно справувајќи се со едно сложено вежбовно сценарио во водите на Охридското езеро. Во присуство на голем број граѓани припадниците на МВР изведоа тактичко- показна...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top